Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.794 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-87, Куманово-7, Дебар-2, Штип-10, Прилеп-3, Тетово-16, Струга-8, Охрид-1, Кавадарци-1, Демир Хисар- 1, Гостивар-8, Струмица-1, Кратово-1, Свети Н
-
Македонија 08.07.2020 15:16
-
Македонија 08.07.2020 13:42
МТСП: Среда, 15 јули, е неработен ден за сите граѓани
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 15 јули, среда, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија, поради одржување на изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија и истиот нема да се одработува.
-
Македонија 08.07.2020 13:40
Влада: На работа се враќаат само родителите на деца вклучени во воспитно-образовниот процес во училиштата
На 74-тата седница одржана вчера, Владата донесе Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на КОВИД-19 со која го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести, со кој од категориите на лица кои се ослободени од работа и работни активности -
-
Македонија 08.07.2020 12:48
Идниот собраниски состав поскоро да се наврати на Законот за заштита од дискриминација
Во првиот извештај на Европската агенција за фундаментални права за земјава, позитивно се оценети недискриминацијата, спречување на говорот на омраза и статусот на Ромите, а негативни оценки има за детската сиромаштија и насилството врз жените.
-
Македонија 08.07.2020 12:36
ДИК ќе спроведе симулација на безбедно гласање
Државната изборна комисија на избирачко место во средното училиште „Јосип Броз Тито“ ќе спроведе симулација на безбедно гласање со примена на сите мерки и здравствени препораки.
-
Македонија 08.07.2020 12:32
Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Германија
Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Анке Гизелa Холштајн, новоименувана амбасадорка на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија, со седиште во Скопје, соопштија од претседателскиот кабинет.
-
Македонија 08.07.2020 10:41
Ковид-19: Намалување на број на новозаболени и починати, зголемување на бројот на оздравени
Неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 29 јуни до 5 јули 2020 година, бележи намалување на бројот на новозаболени и починати, а зголемување на бројот на оздравени лица во споредба со претходната недела, соопшти Министерството за здравство.
-
Македонија 08.07.2020 10:17
Влез во земјава со ПСР тест за граѓани на Србија, Косово, БиХ и Црна Гора- препорача Комисијата за заразни болести
Комисијата за заразни болести утрово одржа состанок на кој донесе одлука да достави предлог до Владата на Република Северна Македонија од утре при влез во нашата земја за сите граѓани од Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора да биде задолжително да достават ПСР тест не постар од 72 часа
-
Македонија 08.07.2020 10:01
МВР: Регистрирани 415 прекршоци за неносење лична заштита на лице
Во текот на изминатото деноноќие (07/08.07.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 415 прекршоци, соопшти МВР.
-
Македонија 07.07.2020 18:14
Влада: 15 јули прогласен за неработен ден
Владата на Република Северна Македонија на денешната 74-та седница, донесе заклучок со кој 15 јули се определува за неработен ден заради непречено спроведување на изборниот процес за предвремените парламентарни избори и истиот нема да се одработува.







