Ангела Ѓорѓиевска обвинета за соизвршител на убиството на Пинета Секондо Пино доби затвроска казна од 19 години. Судот ја прогласи за виновна за помагање во извршување на убиството што се случи на 11 декември 2018 година.
-
Македонија 13.07.2020 14:48
-
Македонија 13.07.2020 13:20
Гласаат заболените од Ковид-19 и во самоизолација
Со скафандери, со комплетна заштитна опрема и со детални подготовки, во Прилеп се спроведува денешното гласање. За прв пат, во тридневниот гласачки процес на парламентарните избори, специјален одбор од медицински лица е ангажиран за гласањето на заболените и граѓаните во изолација.
-
Македонија 13.07.2020 13:12
Почна гласањето за десеттиот парламентарен состав
Со гласање на 706 лица кои се болни од Ковид- 19 или во самоизолација почна изборниот процес за предвремените парламентарни 10-ти по ред избори. Во вторник ќе гласаат болните и изнемоштените, а во среда сите граѓани на државата кои се запишани во избирачкиот список.
-
Македонија 13.07.2020 11:24
На изборите учествуваат четири коалиции и 11 партии со вкупно 1.578 кандидати
На овие избори учествуваат четири коалиции и 11 партии, со вкупно 1.578 кандидати за 120 пратенички места. Поради тоа што не беше постигнат потребниот број на пријавени избирачи во дипломатско- конзуларните претставништва во земјава, овие избори ќе поминат без гласање во дијаспората.
-
Македонија 13.07.2020 10:38
Се формираат регионални Ковид- центри во 16 општини
Градоначалниците на 16 општини во нашата земја го поддржаа предлогот на Министерството за здравство и на Комисијата за заразни болести за формирање регионални „Ковид-центри“ во градовите каде веќе постојат општи болници и здравствени домови, соопшти Министерството за здравство.
-
Македонија 13.07.2020 10:19
Поволни временски услови за земјоделците
Променливото време со нестабилност попладне минатата недела донесе обилни врнежи во Битолскиот дел од Пелагонија кои помогнаа за развој на пролетните култури на кои им се закануваше проблем со сувата почва.
-
Македонија 13.07.2020 10:04
Почна гласањето на предвремените парламентарни избори, право на глас имаат 1.814.263 гласачи
Почна гласањето на десеттите парламентарни избори во земјава. Ќе трае три дена. Денеска правото на глас го остваруваат болните од Ковид-19 и лицата во самоизолација. Пријавени се 716 лица. Во нивните домови посебни избирачки комисии опремени со лична заштита ќе го спроведат гласањето.
-
Македонија 12.07.2020 17:15
Нови 136 случаи со Ковид-19, шест починати, оздравени 123 пациенти
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 991 тестирања, а регистрирани се 136 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-46, Куманово-6, Дебар-7, Штип-14, Прилеп-1, Тетово-12, Струга-9, Велес-1, Охрид-2, Гостивар-13, Струмица-2, Радовиш-3, Крушево-2, Кочани-1, Пробишт
-
Македонија 12.07.2020 16:01
Архимандритот Партениј хиротонисан за Епископ Антаниски
Игуменот на Бигорскиот манастир, Архимандритот Партениј, денеска хиротонисан за епископ Антаниски. Во катедралната Света Софија во присуство на црковниот врв на МПЦ Охридска Архиепископија и голем број државници, од рано утринава започна празничната Божествена литургија.
-
Македонија 12.07.2020 15:18
Завршува изборната кампања, од полноќ предизборен молк
На полноќ почнува предизборниот молк, кој ќе трае до среда до 21 часот, кога се затвораат гласачките места. Утре, први правото на глас од дома, ќе може да го искористат 716 граѓани што се болни од Ковид-19 или се во самоизолација.









