Премиерот Христијан Мицкоски ќе направи увид во градежните работи поврзани со проектот градски воз, информират од Владата.
Веќе е потпишан договор за линија 1 Зелениково – Драчево – Лисиче – Кисела Вода – Аеродором – Железничка станица Скопје.
Премиерот Христијан Мицкоски ќе направи увид во градежните работи поврзани со проектот градски воз, информират од Владата.
Веќе е потпишан договор за линија 1 Зелениково – Драчево – Лисиче – Кисела Вода – Аеродором – Железничка станица Скопје.
Заигра метлата во Скопје. Со над 100 камиони и повеќе од 800 работници почна големата акција за чистење на метрополата. Ќе трае 72 часа. На испомош на новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски му пристигна и механизација од други градови и локални самоуправи.
Собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања денеска ќе одржи седница.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во северозападните и северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Со над 100 камиони и повеќе од 800 работници, новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски ја почна големата акција за чистење на метрополата што ќе трае 72 часа. На испомош на новиот градоначалник пристигна механизација и од други градови и локални самоуправи.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Народна Република Кина, Џианг Сјаојен.
Обете изразија задоволство од квалитетот на македонско-кинеските односи, втемелени на заемна почит и разбирање.
Образованието е скапа работа.
Министерот за здравство, Азир Алиу денес оствари работна средба со италијанскиот амбасадор, Паоло Палминтери на која стана збор за актуелни теми од областа на здравството.
Над селото Арнакија (општина Сарај) е забележан шумски пожар на непристапен терен, соопшти Центарот за управување со кризи.
На местото има патрола на МВР, а известени се БППЗ – Град Скопје, Национални шуми Караџица, ЕЛС Сарај и ДЗС Скопје.