Покачена температура, растечен нос, кашлање, бактериско-вирусни инфекции кај децата ги полнат амбулантите во клиниката „Козле“. Грип сè уште не е регистриран. Лекарите имаат од 120 до 150 прегледи за 24 часа, далеку се од онаа бројка над 200 како што се случува во пикот на грип.
-
Македонија 07.11.2025 15:13
-
Македонија 07.11.2025 14:10
УХМР: Од вторник стабилизирање на времето
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса до понеделник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни, соопшти УХМР.
-
Македонија 07.11.2025 13:35
Уапсен в.д. директорот на Платежната агенција
Вчера попладне беше уапсен в.д. директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството. Се сомничи за примање поткуп, според првичните информации од апликант за финансиска поддршка од ИПАРД програмата.
-
Македонија 07.11.2025 13:24
Во тек е акцијата за чистење на Скопје
Во тек е генералката на метрополата, но метрополата по тешките недели преплавена со смет сè уште е далеку од новото руво. Големата акција почна вчера со над 100 возила, ќе продолжи и по истекот на 72 – та часа, најави скопскиот градоначалник Ѓорѓиевски.
-
Македонија 07.11.2025 13:19
Даме Димитровски нов претседател на Советот на Град Скопје
Конституиран Советот на Град Скопје на чело со Даме Димитровски. Тој вети соработка со сите. Новиот градски татко, Орце Ѓорѓиевски ги соопшти приоритетите на кои ќе се фокусира.
Известува Ирина Гелевска
-
Македонија 07.11.2025 12:30
Продолжува судскиот процес за родилката од Дебар
Денес продолжува судскиот процес за родилката од Дебар, која при породување во струшката болница остана без три органи.
-
Македонија 07.11.2025 12:04
Обвинителството ќе чека МВР и Финансиската полиција да постапат по сомнежите за злоупотреби во скопски „Комуналец“
Јавното обвинителство ќе чека МВР и Финансиската полиција да постапат по сомнежите за финансиски злоупотреби во скопски Комуналец, а ако тоа не го сторат, тогаш може да постапат по допрен глас.
-
Македонија 07.11.2025 11:50
Ѓорѓиевски: „Генералката“ за чисто Скопје ќе продолжи секој ден
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, порача дека акцијата за чистење на главниот град нема да биде само краткорочна иницијатива, туку континуиран процес.
-
Македонија 07.11.2025 11:19
ЕУ го поздрави потпишувањето на договорот за железничкиот тунел на Коридор 8 меѓу Македонија и Бугарија
Европската Унија го поздрави потпишувањето на Договорот за подготовка, изградба и оперативност на меѓуграничниот железнички тунел на Коридор 8 меѓу Македонија и Бугарија.
-
Македонија 07.11.2025 09:18
Расветлено убиството во Чашка, лишен од слобода еден од извршителите, по уште едно лице се трага
Министерството за внатрешни работи го лиши од слобода и до Основното јавно обвинителство Велес поднесе кривична пријава против Д.Ц.(43) поради основано сомнение дека бил соизвршител во кривично дело „убиство“ по член 123 став 1 од Кривичниот законик.









