На стоматолозите им беше ветено зголемување на капитацијата од 40 на 70 денари. Но, министерот Филипче е министер за лаги и манипулации, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ. Нема, посочуваат од партијата, ниту бесплатни стоматолошки пакети за секој матичен пациент.
-
Македонија 22.11.2018 13:15
-
Македонија 22.11.2018 13:09
Честитка од претседателот Иванов по повод 22 Ноември – Денот на aлбанската азбука
Македонскиот претседател Иванов им го честита Денот на албанската азбука на припадниците на оваа етничка заедница во Македонија. Азбуката е огледало на цивилизацијата, порачува претседателот. Албанскиот јазик е важен дел од нашето мултиетничко општество.
-
Македонија 22.11.2018 11:39
Нормализиран сообраќајот на патот Маврово- Дебар
Сообраќајот на магистралниот пат Маврово-Дебар од 11:00 часот е нормализиран за сите возила, информираат од ЈП Македонија пат.
-
Македонија 22.11.2018 11:27
Украдени над 25 илјади евра од просторија за брз трансфер на пари во Струмица
Синоќа околу 18,20 часот во Струмица на улица „Димитар Влахов“ во Туристичката агенција „Атлантис“ засега непознат сторител извршил оружен грабеж во просторија за брз трансфер на пари, соопшти МВР.
-
Македонија 22.11.2018 11:23
На Груевски за „Траекторија“ ќе му се суди во отсуство
Судечкиот совет на денешното рочиште за предметот „Траекторија“, на барање на СЈО донесе одлука на обвинетиот Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија, да му се суди во отсуство и да биде издаден налог за притвор.
-
Македонија 22.11.2018 11:14
Скопјанец заработи кривична пријава за компјутерска измама
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против С.Н.(28) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторенo кривичнo делo „компјутерска измама“.
-
Македонија 22.11.2018 10:25
Димитров во Солун на министерски состанок меѓу Македонија, Грција, Албанија и Бугарија
Состанок на шефот на македонската дипломатија Никола Димитров со колегите од Албанија, Бугарија и од Грција во Солун. Ова е четврта средба на таканеречената квадрилатерала, иницирана од поранешниот министер за надворешни на Грција, Никос Коѕијас.
-
Македонија 22.11.2018 10:16
Претедателот Иванов прогласен за почесен член на Советот за светски прашања во Јордан
Претседателот Иванов во Аман беше прогласен за почесен член на „Советот за светски прашања", независна научна институција која се занимава со прашања од интернационален карактер.
-
Македонија 21.11.2018 17:16
Околу 40 жени годишно умираат од рак на грлото на матката
Лани, 30 жени починале од рак на грлото на матката, годинава откриени 8 нови случаи. Ова го покажува статистиката на Институтот за јавно здравје.
-
Македонија 21.11.2018 17:07
Метео: Променливо облачно и претежно стабилно време
Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно и претежно стабилно време со услови за појава на магла по одделни котлини.
Максималната дневна температура ќе достигне до 14 степени.









