Никола Груевски остана без пратеничкиот имунитет. Без дебата во Собранието со 62 гласа „за“, пратениците му го одземаа имунитетот на нивниот колега, на барање на Кривичниот суд за шест предмети за кои беше побарана мерка притвор за Груевски.
-
Македонија 28.11.2018 10:07
-
Македонија 27.11.2018 15:53
Апелацискиот суд ги одби како неосновани жалбите на Јанакиески и Божиновски
Скопскиот Апелациски суд ги одби како неосновани жалбите на двајцата поранешни високи владини функционери Миле Јанакиески и Кирил Божиновски со што тие остануваат во истражниот затвор во Шутка.
Обвинетите вчера на јавна седница пред судиите во Апелација побараа укинување на притворот.
-
Македонија 27.11.2018 15:50
Во Собранието расправа за загадениот воздух
Набавка на нови инструменти за мерење на аерозагадувањето, извештај за детектираните загадени точки во земјава, субвенции за хибридни возила и печки на пелети, пренасочување на товарните возила од централното градско подрачје- се дел од 19- те мерки за намалување на аерозагадувањето кои пратеничк
-
Македонија 27.11.2018 15:36
Заев: Ќе расте поддршката за уставните измени
Шефот на Владата, Заев изрази надеж дека и во оваа фаза, но и по јавната дебата за уставните измени, бројката од 80 пратеници ќе се зголеми.
-
Македонија 27.11.2018 15:34
Дождот ѝ помогна на есенската сеидба
Иако задоцнет, дождот колку- толку ѝ помогна на есенската сеидба. По октомврискиот сушен период, се пречекорија оптималните услови, но дождот, велат агрономите, не дозволи целосно да пропаднат есенските работи.
-
Македонија 27.11.2018 15:21
Сослушани вештаци за убиството на Саздовски
Во Кривичниот суд продолжи судењето против двајцата обвинети за убиството на 20- годишниот Никола Саздовски. Сведочеа вештаци од Институтот за судска медицина. Рекоа дека смртта е последица на тешките повреди на главата.
-
Македонија 27.11.2018 14:13
Собранието поладнево ќе одлучува за имунитетот на Груевски
Речиси без расправа по шесте барања од судот, со пет гласа „за“ и без присуство на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања со заклучок- на Собранието да му предложи одземање на имунитетот на пратеникот и екс- премиер Никола Груевски.
-
Македонија 27.11.2018 13:38
Системски интегриран пристап за намалување на загадувањето
Енормното загадување во земјава го запали алармот и кај странските дипломати. Францускиот амбасадор во земјава, Тимоние посочи дека има напредок, но се потребни идеи и меѓународна соработка. Предлага да се слушне и ставот на научната фела.
-
Македонија 27.11.2018 13:32
Метео: Утре се очекува снег
Утре поради спуштање на постуден воздух од север во Македонија ќе преовладува облачно, студено и ветровито време со повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег со слаб до умерен интензитет.
-
Македонија 27.11.2018 12:56
Заев очекува поголема поддршка за уставните измени
Шефот на владата, Заев изрази надеж дека и во оваа фаза, но и по јавната дебата за уставните измени, бројката од 80 пратеници ќе се зголеми.










