Поднесувајќи неосновани кривични пријави, кои немаат никаков основ, ниту пак цел, ВМРО-ДПМНЕ покажува дека сѐ уште останува заглавена во матрицата на минатото, кога го злоупотребуваа судството за пресметка преку беспредметни пријави, реагираат од СДСМ.
-
Македонија 18.09.2018 14:57
-
Македонија 18.09.2018 13:32
Интеграцијата во НАТО- стратегиски интерес
„Членството во НАТО значи голема одговорност и придонес во зачувување на мирот и безбедноста“, оцени првиот парламентарец Талат Џафери. Претседателот на Собранието вели оти е сигурен дека мнозинството граѓани ќе го прифати Договорот од Преспа, клучен за интеграциските процеси.
-
Македонија 18.09.2018 13:16
ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против Заев
ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава за премиерот Заев. Партијата до Јавното обвинителство достави и видео материјал, за којшто тврдат дека покажува, како шефот на Владата на митингот во Крива Паланка повикал на поткуп на граѓаните.
-
Македонија 18.09.2018 13:04
Метео: Сончево и топло, температура до 31 степен
Утре во Македонија и натаму се очекува сончево и топло време со слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 31 степен.
Во наредните денови ќе се задржи сончевото и стабилно време, а дневните температури ќе бидат со тенденција за благ пораст.
-
Македонија 18.09.2018 12:44
Жена загина, девојче тешко повредено во сообраќајка на булевар „Србија“
Почина 61-годишната скопјанката, која синоќа заедно со нејзината 3-годишна внука беа прегазени од комбе, додека на пешачки премин го поминувале булеварот „Србија“ во населбата Аеродром. Според полицијата, сообраќајката се случила околу 20 часот.
-
Македонија 18.09.2018 12:37
Средба Заев- Хан: Излезете да гласате за себе и за идните генерации
„Немаме време за губење. Следната недела во Брисел почнува скринингот за реформите во Македонија. Освен решениот спор за името и реформите ќе се оценуваат за почнувањето преговори“- изјави еврокомесарот Хан.
-
Македонија 18.09.2018 10:59
Во Германија ќе се вози со македонски возачки дозволи
Македонското Министерство за внатрешни работи и германското Министерство за сообраќај ќе го потпишат договорот за меѓусебно признавање и замена на возачките дозволи во двете земји.
-
Македонија 18.09.2018 10:52
Шефот на германската дипломатија во посета на Македонија
Во посета на Македонија е и шефот на германската дипломатија Хајко Маас. Ќе има средба со неговиот домаќин Никола Димитров, а ќе говори и на панел дискусијата посветена на eвропскиот пат на Македонија.
-
Македонија 18.09.2018 10:50
Британскиот министер за Европа, Данкан во посета на Македонија
Mинистерот за Европа и Америка во британскиот Форин офис, Сер Алан Данкан, во работна посета на Република Македонија. Ќе има средба со вицепремиерот анѓушев. Ќе биде потпишан и меморандум за соработка.
-
Македонија 18.09.2018 10:21
Хан: На 30-ти септември ја определувате својата иднина
Вашата земја ја има поддршката од меѓународната заедница. Доказ за тоа се секојдневните посети од европските политичари, вели еврокомесарот Јоханес Хан. Уште еднаш повика граѓаните да излезат на референдумот и да гласаат.










