Утре во Македонија се очекува сончево време со мала облачност и со слаб ветер од источен правец. Максималната температура ќе достигне до 32 степена.
Сончевото и топло време ќе продолжи и во наредните неколку денови.
Утре во Македонија се очекува сончево време со мала облачност и со слаб ветер од источен правец. Максималната температура ќе достигне до 32 степена.
Сончевото и топло време ќе продолжи и во наредните неколку денови.
Ние водиме кампања за бојкот на референдумот за да го спречиме обезличувањето на македонскиот народ , јазик и култура. Од иницијативата за бојкот на граѓанското изјаснување го повикуваат народот да излезе од апатијата и стравот за да се бори и опстои.
Со сослушување на сведоци на обвинителството во Кривичниот суд продолжи судскиот процес за собраниските настани од 27-ми април. Пратеникот Ферид Мухиќ сведочеше дека стекнал впечаток оти групата е инструирана од како што рече, команден штаб.
Не секогаш и пешачкиот премин е безбедно место за минување- заклучок кој го потврдува црната статистика за најфрекфентните битолски сообраќајници. Само на улицата „Васко Карангелевски“ во периодот помеѓу 2003-та и 2015-та година, потешко биле повредени 38 пешаци од кои голем број деца.
Низ земјава веќе не сообраќа единствениот меѓународен воз на релацијата Белград- Солун- Белград, посочуваат од Македонски железници. Ваквата одлука е донесена од Србија воз и од Грчките железници, за што Македонските немаат право да решат.
Специјализантите по стоматологија протестираа пред ресорното министерство. Бараат исполнување на ветувањата за исплата на месечен паричен надоместок. Велат останавме изиграни, исплатата ни беше ветена од септември. Бараат рамноправен, еднаков третман со другите приватни специјализанти.
Инженери од Вермонтската армија ги обучуваат македонските надлежни институции за справување со кризи, со акцент на брзо и ефикасно меѓуинституционално координирање. Веќе 20 години во Македонија, обезбедувале експерти за и обуки, координирале вежби.
Владата во ниту една ситуација нема да толкува одлуки на Уставен суд, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски, одговарајќи на новинарско прашање како Владата ја коментира одлуката на уставните судии за отфрла
Германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лаин утре ќе престојува во официјална посета на Република Македонија.
Уставниот суд на денешната седница ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распишување на референдум, донесена од Собранието на Република Македонија на 30-ти јули 2018-та година.