За поголема стабилност и просперитет е потребно земјава да се потпира на три столба- демократијата, добри меѓуетнички односи и членството во ЕУ и во НАТО, оцени министерката за одбрана Шекеринска на конференцијата посветена на хибридните закани.
-
Македонија 12.09.2018 13:55
-
Македонија 12.09.2018 13:09
Шефот на холандската дипломатија во посета на Македонија
Шефот на холандската дипломатија Стеф Блок е во посета на Македонија. Има средба со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров. Ова е нивна четврта билатерална средба за помалку од една година.
-
Македонија 12.09.2018 12:56
Јункер: ЕУ да дефинира „неотповиклив“ став за проширувањето кон Балканот
Западен Балкан не смееме да го изгубиме од вид, тој регион не може да се запостави, во спротивно другите уште повеќе ќе го зголемат своето влијание, рече Јункер во говорот за „Состојбата на Унијата“ пред Европскиот парламент.
-
Македонија 12.09.2018 12:50
Хашим Тачи повика да се гласа на референдумот
Претседателот на Косово, Хашим Тачи во посета на Македонија. На платото пред Владата пречекан од премиерот Заев, со кого имаше тет-а-тет средба, по што следуваше состанокот на делегациите од двете страни.
-
Македонија 12.09.2018 12:39
ВМРО- ДПМНЕ со став, Заев со порака
Премиерот Заев со обраќање до јавноста. Ги повика граѓаните да излезат на референдумот, за европска Македонија. Вели, овој историски момент е поголем од сите нас, од партиите, кавгите или од личните интереси. Имаме единствена можност да ја зграпчиме оваа историска шанса.
-
Македонија 12.09.2018 11:11
Мицкоски: Националните прашања се надпартиски, секој граѓанин да се изјасни според сопственото убедување
Секој граѓанин сам да одлучи, да постапи по сопствено убедување, да одлучи како смета дека е најдобро за Македонија, ова е ставот на ВМРО- ДПМНЕ за референдумот. Мицкоски го повика премиерот Заев на ТВ дуел.
-
Македонија 12.09.2018 11:05
Рударите ќе одат порано во пензија
Рударите ќе одат порано во пензија, наместо на педесет и осум, од наредната година на педесет години. Владата ја донесе одлуката на последната седница.
-
Македонија 12.09.2018 10:53
Заев: Овој историски момент е поголем од сите нас, се работи за иднината на нашите деца
Овој историски момент е поголем од нас, од нашите партии, кавги или лични инстереси. Се работи за иднината на нашите деца. Да излеземе на референдумот за европска Македонија, повика премиерот Заев во обраќање до јавноста.
-
Македонија 12.09.2018 10:47
Матис и Мичел доаѓаат во Македонија за поддршка на референдумот
Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис, за викендов ја најави посетата на Македонија. Од Пентагон ја истакна подршката на САД за Македонија, и американските ставови против руската агресија.
-
Македонија 12.09.2018 10:37
Забрана за внесување месо од Бугарија
Граѓаните кои доаѓаат од Бугарија, во личниот багаж не смеат да носат храна од животинско потекло зашто ќе им биде одземена на граничните премини, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство.










