2018-та ќе биде добра година. Време е за работа, а не за избори изјави премиерот Заев по средбата со министерот Тевдовски. Најави економски прогрес, инвестиции, нови работни места.
-
Македонија 02.01.2018 16:37
-
Македонија 02.01.2018 15:43
Внимателно со храната за празниците
Невообичаено мирно минале новогодишните празници за дежурните тимови на Итната медицинска помош. Не се претерувало со храната и алкохолот. Се внимавало и зад воланот. Мал дел од интервенциите биле итни и ургентни, регистрирана е само една сообраќајна несреќа
-
Македонија 02.01.2018 15:13
Метео: Умерено облачно време, температура до 11 степени
Утре во Македонија ќе преовладува умерено облачно време со слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северозападен ветер.
Кон крајот на денот се чекува зголемено наоблачување особено во западните делови со услови за можни врнежи, претежно од снег особено во текот на ноќта.
-
Македонија 02.01.2018 15:10
СДСМ: Извршителите нема да ги блокираат сметките на сиромашните
Извршителите нема да ги блокираат сметките на сиромашните, најавија од СДСМ. Со ова се обезбедува заштитата на лицата од таканаречниот социјален ризик, велат во партијата, што е потврдено со потпишаниот меморандум меѓу ресорото министерство и Комората на извршители.
-
Македонија 02.01.2018 14:56
Аерозагадувањето екстремно високо, македонските граѓани повторно се гушат
Скопјани веќе втор ден дишат загаден воздух. Се врати маглата во главниот град, а со неа и отровните ПМ-10 честички. Измешани со грипот и вирозите може да имаат тешки последици по човечкото здравје, велат лекарите.
-
Македонија 02.01.2018 14:42
Спречен шверц на марихуана кон Македонија
Граничната полициска патрола во зелениот појас на албанско-македонската граница кај Тушемиште спречила шверц на 7,2 килограми марихуана.
-
Македонија 02.01.2018 13:59
8-ми јануари неработен за сите граѓани
По повод првиот ден на православниот христијански празник Божик - 7 јануари, неработен ден за сите граѓани на на Република Македонија е 8 јануари, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
Од Министерството им го честитаат Божик на граѓаните од православната вероисповед.
-
Македонија 02.01.2018 13:38
ВМРО-ДПМНЕ: Притворот ќе биде осуден од меѓународниот фактор
Инквизиција во 21-ви век, поради неоснованото притворање на граѓани, кои Новата година ја минаа во студените ќелии во затворот во Шуто Оризари.
Оваа политичка конструкција ќе биде осудена и од меѓународниот фактор и од Европскиот суд за човекови права, велат во ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 02.01.2018 13:02
Писмо од Папата до премиерот Заев по повод Светскиот ден на мирот
Писмо од Папата до премиерот Заев по повод 1-ви јануари Светскиот ден на мирот, која се однесува на декларациите за миграцијата и за статусот на бегалците. Во него, неговата светост пишува дека е прифатена пораката на премиерот за мигрантската криза за потрагата по мир.
-
Македонија 02.01.2018 12:55
Могерини и Хан: 2018-та ќе биде пресудна за Западен Балкан
2018-та година ќе биде пресудна за Западен Балкан- порака на шефицата на европската дипломатија и безбедност, Федерика Могерини, испратена преку нејзиниот блог.










