Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка е почуствуван рано изутринава во 04:06 часот во Дојран.
-
Македонија 05.01.2018 09:49
-
Македонија 05.01.2018 09:23
Денеска одлука за екстрадиција за Грујевски и Бошкоски
Судот во Солун денеска треба да ја соопшти одлуката дали ќе бидат екстрадирани ексразузнавачите Горан Грујевски и Никола Бошкоски, кои се во притвор во Грција. Одлуката требаше да биде соопштена на 22-ри декември, но тогаш во судот немаше преведувач од грчки на македонски јазик.
-
Македонија 04.01.2018 16:21
Метео: Температури над просекот
Утре во Македонија се очекува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец.
По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Максималната температура ќе достигне до 13 степени.
-
Македонија 04.01.2018 15:55
Караџовски: На судството не му се потребни памфлет- реформи
Ниту ѝ се додворувам, ниту пак сум во романтична врска со власта, рече претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски.
-
Македонија 04.01.2018 15:45
Состанок во премиерската палата во Атина за прашањето за името, Грција останува на познатите позиции
Грција ја крои стратегијата за името. По телефонскиот разговор со премиерот Заев, првиот човек на владата во Атина, Алексис Ципрас свика на состанок со неколку членови од неговиот кабинет.
-
Македонија 04.01.2018 15:28
Шилегов: Град Скопје работи посветено на проблемот со аерозагадувањето
Градот Скопје работи посветено и веќе преземени се сериозен сет на итни мерки изјави градоначалникот на Скопје, Шилегов. Рече дека повеќе од 140 милиони денари годинава се посветени токму за заштита на животната средина. „И јас ја делам истата загриженост како и секој жител на Скопје.
-
Македонија 04.01.2018 15:09
Коѕијас и Каменос со различни позиции за името
По двочасовниот мини министерски состанок кај премиерот Ципрас, останале разликите за името меѓу Коѕијас и Каменос.
-
Македонија 04.01.2018 14:49
„Дрисла“ заработи казна од 8.500 евра
За три месеци, Инспекторатот за животна средина извршил 15 вонредни надзори. Според нив, само „Дрисла“ е виновник за отровниот воздух во Скопје. Не ги почитувале протоколите за согорувањето медицински отпад. Депонијата е казнета со 8.500 евра.
-
Македонија 04.01.2018 14:31
Османи: Македонија за време на бугарското претседателство очекува датум за преговори
Бугарија е пријател и поддржувач на евроинтеграциите на Македонија. Во првата половина од 2018-та, за време на претседателство на Софија со Европската унија, не бараме ништо што не заслужуваме, а тоа е датум за преговорите во јуни- изјави вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи.
-
Македонија 04.01.2018 13:22
Обвинителство ја расветлува сообраќајката во која загина тримесечно бебе
По наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство- Кичево, прибрани се траги од местото на сообраќајната несреќа што се случи вчера на патот Кичево–Македонски Брод, во која животот го загуби тримесечно бебе, а пет лица беа потешко повредени.










