Бугарија е пријател и поддржувач на евроинтеграциите на Македонија. Во првата половина од 2018-та, за време на претседателство на Софија со Европската унија, не бараме ништо што не заслужуваме, а тоа е датум за преговорите во јуни- изјави вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи.
-
Македонија 04.01.2018 14:31
-
Македонија 04.01.2018 13:22
Обвинителство ја расветлува сообраќајката во која загина тримесечно бебе
По наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство- Кичево, прибрани се траги од местото на сообраќајната несреќа што се случи вчера на патот Кичево–Македонски Брод, во која животот го загуби тримесечно бебе, а пет лица беа потешко повредени.
-
Македонија 04.01.2018 13:15
ВМРО-ДПМНЕ: Да престане политичкиот прогон против неистомислениците
Во време кога власта декларативно изјавува заложба за членство на државата во ЕУ и НАТО, институциите под контрола на истата таа власт ги кршат правата на граѓаните кои се темелот на овие организации, се вели во соопштението на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 04.01.2018 13:13
СОНК: На вработените во градинките и училиштата не им се продолжува договорот за работа
Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија, остро реагира на масовното не продолжување на работните договори на вработените во детските градинки, основните и средните училишта, од страна на директорите на установите, а по налог на повисоките органи на локалната
-
Македонија 04.01.2018 12:58
Состанок во премиерската палата во Атина за прашањето за името
Неколку министри од грчката влада, меѓу кои и шефот на дипломатијата Никос Коѕијас и коалицискиот партнер во владата и министер за одбрана Панос Каменос, учествуваат на состанокот во премиерската палата, свикан од премиерот Алексис Ципрас.
-
Македонија 04.01.2018 12:37
Интерпол распиша потерници по петмина осомничени за настаните во Собранието
Петмина македонски државјани се бараат со меѓународна потерница на Интерпол во врска со настаните во Собранието на Република Македонија од 27-ми април минатата година.
-
Македонија 04.01.2018 12:29
За патријархот Иринеј барањето на МПЦ до БПЦ е доказ за незрелост
Српскиот патријарх Иринеј со остар тон за последниот развој на настаните во црковните односи меѓу Скопје и Софија. Смета дека потегот на МПЦ-ОА со кој побара бугарската да ѝ стане мајка- црква, е доказ за незрелост на македонските владици.
-
Македонија 04.01.2018 12:22
Почувствуван земјотрес во Македонија, епицентарот на Косово
Земјотрес со магнитуда од 5,3 степени според Рихтеровата скала со епицентар 30 километри западно од Пеќ, Косово, е почуствуван претпладнево во 10:46 часот во Скопје и северозападна Македонија.
-
Македонија 04.01.2018 11:52
Од утре температурите над просекот, ќе се топи снежната покривка
Од утре во поголем дел од државата ќе биде стабилно и суво, а дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината што ќе предизвика топење на снежната покривка.
Дневните температури утре ќе достигнат максимум до 13-тиот степен.
-
Македонија 04.01.2018 11:25
Прашањето за Западен Балкан и односите со Македонија- приоритети на Бугарија во 2018-та
Меѓу приоритетите на бугарското претседателство е и европската перспектива на Западен Балкан. За експертите, оваа улога на регионален лидер ќе биде добредојдена за Софија, која има за цел да го поправи својот имиџ во рамките на Унијата, оценува Еуроњуз.









