Поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков изутринава е приведен по налог на Јавното обвинителство за настаните во Собранието на 27 април.
-
Македонија 28.11.2017 08:54
-
Македонија 28.11.2017 08:25
Владата ќе расправа за Предлог- законот за амнестија
Владата денеска ќе ја одржи 40 седница на која ќе разгледа прашања од повеќе области, а меѓу нив и Националната стратегија за борба против перење пари и финансирање на тероризам, која е на предлог на Министерството за финансии.
-
Македонија 27.11.2017 16:44
Самит 16+1: Соработка со Кина- големи перспективи за Македонија
„Ги зајакнуваме партнерските односи со Народна Република Кина за идна експанзија на економската соработка“- рече претседателот на Владата, Зоран Заев во своето обраќање на самитот во Будимпешта.
-
Македонија 27.11.2017 15:41
Кадар и ресурси- главни предизвици за редакциите на заедниците на Јавниот сервис
Во неколку неделното скенирање на состојбите во јавниот сервис, експертот Џонатан Стонман утврдил дека на редакциите на заедниците им се потребни подобри услови за работа, нов кадар и повеќе пари за реализација на проекти.
-
Македонија 27.11.2017 15:06
Ново одложување на судењето за случајот „Триста“
Психијатар од регистерот на вештаци в петок ќе се изјасни дали обвинетиот Ѓоко Поповски може да го следи процесот. Судечкиот совет ќе го сослуша и лекарот којшто му отворил боледување, за да му појасни каква е неговата здравствена состојба.
-
Македонија 27.11.2017 14:43
БПЦ: Ќе помогнеме во признавањето на статусот на МПЦ-ОА
Бугарската православна црква има света должност да се ангажира и да понуди целосна соработка, посредство и застапување пред останатите православни цркви за утврдување на канонскиот статус на МПЦ- Охридска Архиепископија.
-
Македонија 27.11.2017 14:04
Обвинителството работи на разоткривање на убиството во Чаир
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство- Скопје ги презема сите неопходни дејствија во насока на откривање на сторителот и мотивот за убиството што се случи во петокот вечерта во скопската населба Чаир.
-
Македонија 27.11.2017 13:56
Контроли во 33 угостителски објекти, изречени забрани и глоби
Во 33 угостителски објекти во Скопје, Тетово, Гевгелија и Кавадарци за време на викендот извршени се контроли од страна на полицијата, Управата за јавни приходи и Пазарниот и Трудовиот инспекторат, соопшти МВР.
-
Македонија 27.11.2017 13:20
МПЦ-ОА ја поздрави одлуката на БПЦ
Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), изрази благодарност до бугарскиот патријарх Нефит и до членовите на Светиот архиерејски синод на Бугарската православна црква кои денеска донесоа решение за писмото од Македонската православна црква.
-
Македонија 27.11.2017 13:14
Апелација: Седницата за „Поткуп“ одложена на неопределено
Скопскиот Апелациски суд го одложи случајот „Поткуп“, односно решението за тоа дали ќе се користи како доказ на судењето видеоматеријалот на кој се појавува тогашниот градоначалник Зоран Заев.









