Поранешниот советник на ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар, Јордан Ристески призна дека поттикнувал насилство за време на протестите во 2013-тата година. Изјави- размислувал за тоа што го сторил и искрено се кае. Признанието рече- го дава доброволно и е свесен за последиците.
-
Македонија 29.11.2017 15:46
-
Македонија 29.11.2017 15:41
Распитот заврши, притвор за дел од приведените
На 13- мина од приведените за собраниските настани од 27- ми април, судија на претходна постапка им одреди по 30 дена притвор. Шестмина се во куќен. Од скопскиот Кривичен суд информираа дека на распит биле спроведени 24-ца.
-
Македонија 29.11.2017 15:31
Остварување еднакви права на Ромите
Говорот на омраза да се третира како кривично дело, подобрување на пристапот до правда, подигнување на свесноста за дискриминација – дел од мерките кои треба да се преземат за да се стави крај на дискриминацијата.
-
Македонија 29.11.2017 15:18
Усвоен Предлог- законот за амнестија, на слобода ќе излезат 670 осудени лица
Владата го усвои Предлог- законот за амнестија. На слобода ќе излезат 670 правосилно осудени лица, а на 3.090 ќе им биде намалена казната за 30 насто, информираат од Владата. Со овој Предлог- закон ќе се амнестираат сите обвинети до 20- ти септември годинава.
-
Македонија 29.11.2017 14:46
ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира и ќе блокира крстосници во Скопје
ВМРО-ДПМНЕ ги повика граѓаните, членови или симпатизери да дадат поддршка против политичкиот прогон на власта. Од оваа партија најавија блокирање на неколку крстосници во Скопје во периодот почнувајќи од пред неколку минути до 17 часот.
-
Македонија 29.11.2017 14:34
Домаќинствата- најголем загадувач, најавени сет мерки
Најголем загадувач на воздухот е греењето со кое се затоплуваат домовите, покажал извештајот на интересорската работна група составена од државни органи и невладини здруженија. Владиниот портпарол Бошњаковски информираше дека се донесени сет мерки.
-
Македонија 29.11.2017 14:11
Застарената механизација проблем за битолската подружница на „Македонија пат“
Од средината на месецов механизацијата на битолската поружница на „Македонија пат“ распоредена на петте пунктови. Се чекаат првите пообилни врнежи на снег. Подготвени сме да интервенираме, иако камионите ни се доста стари- вели Љубе Стојановски.
-
Македонија 29.11.2017 14:00
Ќе продолжат разговорите меѓу Заев и Груевски
Премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на полноќна средба со претседателот Ѓорге Иванов. „Се разговараше за можни решенија за излез од актуелната состојба на напнатост во државата што предизвикува загриженост кај граѓаните.
-
Македонија 29.11.2017 13:54
Метео: Во наредните денови облачно со врнежи од дожд
Во наредните денови подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на влажна и потопла воздушна маса со претежно облачно време и повремени врнежи од дожд кои што во текот на утрешниот ден ќе бидат пообилни во западните делови од земјава.
-
Македонија 29.11.2017 13:51
Заев: Не ги коментирам одлуките на судот
Ќе има нови средби со претседателот и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за подобрување на општата политичка состојба во земјава, изјави денеска премиерот Заев. Не ги коментирам одлуките на судот, дополни Заев.










