Членови и приврзаници на ВМРО- ДПМНЕ протестираат пред Основниот суд како реакција на апсењето на 36 лица за случувањата на 27-ми април во Собранието. На присутните им се придружи и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, со повеќемина пратеници и раковиодството на партија.
-
Македонија 28.11.2017 16:34
-
Македонија 28.11.2017 16:28
Обвинителството гони 36-мина за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста
Полицијата приведе пратеници, уметници, поранешни први луѓе на државни институции, екс директорот на Бирото за јавна безбедност и граѓани, за настаните кои се случија на 27- ми април во Законодавниот дом. Приведените на исказ во Кривичниот суд пред судија на претходна постапка.
-
Македонија 28.11.2017 16:05
Груевски: СДС да престане со политичкиот прогон
Заев и СДСМ брутално удираат кон тие што мислат и дејствуваат македонски.
-
Македонија 28.11.2017 15:48
Заев- Кечијанг: Помошта од Кина е значајна за инфраструктурна модернизација на Македонија
Помошта од Кина е од историско значење за инфраструктурната модернизација на Македонија, оцени премиерот Зоран Заев на средбата во Будимпешта со неговиот кинески колега Ли Кечијанг.
-
Македонија 28.11.2017 15:01
СДСМ: Институциите имаат обврска да постапуваат
Од СДСМ велат дека Македонија е сериозна и демократска држава, со институции коишто имаат обврска пред граѓаните и Уставот да постапуваат согласно со јасни законски процедури, за целосно расчистување на настаните од 27-ми април и соодветна законска одговорност на сите инволвирани.
-
Македонија 28.11.2017 15:00
Вељаноски: Државата го покажа најлошото, недемократско лице
Со приведувањето на двајца административни службеници, родители и сопрузи на малолетни деца, државата го покажа најлошото, недемократско лице.
-
Македонија 28.11.2017 14:50
Груевски: Да запре политичкиот прогон, ова е заробена држава
Заев и СДС брутално удрија кон сите тие што мислат и дејствуваат македоннски. Тоа е последниот чин на пресметка со слободно мислечкиот Македонец и оние што се одважија да кажат стоп за Тиранската платформа.
-
Македонија 28.11.2017 14:43
Народен правобранител: Зајакнување на постапката за безбедност на лековите од паралелен увоз
Народниот правобранител бара зајакнување на постапката за безбедност и оценка на квалитетот на лековите набавени со паралелен увоз од трети држави надвор од ЕУ.
-
Македонија 28.11.2017 14:34
Подобар живот за лицата со посебни потреби
Во собраниска процедура се корекциите на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со кои право на семејна пензија ќе добијат лицата со попреченост кои биле во активен работен однос, а немале право.
-
Македонија 28.11.2017 14:21
Џафери: Процедурите не се испочитувани
Во Кривичниот суд на распит и актуелни пратеници, повикани за собраниските настани од 27-ми април. Претседателот на Законоданиот дом, Талат Џафери не ги коментира наредбите на Обвинителството.










