Проблемите со „Комунална хигиена“ не престануваат. Се собира отпадот, ќе има нафта до избори. Оставката на директорот Рустеми е напишана, но дали е валидна и дали е доставена до Градот Скопје?
Анита Димитријевска-Велковска известува.
Проблемите со „Комунална хигиена“ не престануваат. Се собира отпадот, ќе има нафта до избори. Оставката на директорот Рустеми е напишана, но дали е валидна и дали е доставена до Градот Скопје?
Анита Димитријевска-Велковска известува.
Зголемен број заболени од грип во споредба со минатата сезона, но помалку во однос на претходната недела. Каде е регистриран најголем број заболени од грип?
Андријана Ѓурческа известува.
Утринава почна дистрибуцијата на 1.013.357 избирачки ливчиња за вториот круг од локалните избори, информираат од ДИК. Вториот круг на гласање ќе се одржи в недела и ќе се бираат градоначалници во 32 општини и во градот Скопје.
Александра Максимовска известува.
Во четири општини- Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше нема да се гласа в недела, бидејќи на првиот круг од локалните избори не беше постигнат законскиот цензус од една третина излезност.
Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова синоќа присуствуваше на свечената вечера приредена од францускиот претседател Емануел Макрон, во чест на високите гости на Парискиот мировен форум.
Во земјава е забележан раст на бројот на заболени од грип и заболувања слични на грипот во споредба со истиот период од минатата сезона, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
Четиринаесеттиот Меѓународен форум за енергија за одржлив развој денеска ќе се заокружи со потпишување на „Декларација Скопје“ која ќе ги обедини заложбите и заклучоците од тридневниот настан.
Од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола утрово ќе започне дистрибуцијата на 1.013.357 избирачки ливчиња за гласањето на вториот круг на локалните избори 2025.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, информираат од АМСМ. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Утрото постудено со услови за утринска магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималните температури ќе бидат во интервал од -3 до 4, а максималните ќе достигнат од 16 до 21 степен.