На 23.10.2025 во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Б.П.(38) од Неготино.
-
Македонија 24.10.2025 13:50
-
Македонија 24.10.2025 13:23
Локалните предвесник на предвремени парламентарни избори?
Европската унија го поздравува тоа што локалните избори во Македонија беа конкурентни и што основните слободи во голема мера беа почитувани, вели портпаролот на Европската комисија за проширување, Мерсие. Кампањата продолжува, за вториот круг на локалните избори кои се закажани за втори ноември.
-
Македонија 24.10.2025 13:21
Од сметот Скопје го демне опасност
Наместо да празнуваат, општините се мобилизираа да го соберат отпадот од улиците во главниот град. Помош повикуваат и од компании и од други општини. Во меѓувреме продолжуваат и инспекциските надзори во Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ и Град Скопје. -
Македонија 24.10.2025 13:13
Истрагата во прилепската болница за наводи за местење на тендери продолжува, осомничените поднесоа жалби на притворот
Истрагата во прилепската болница за наводи за местење на тендери продолжува. Во притвор се шест лица, а се врши проверка за евентуална инволвираност на уште 26 физички и правни лица. Кривичниот совет одлучува по жалбите за притворите.
Известува Елизабета Митреска.
-
Македонија 24.10.2025 12:45
Тримесечна специјализирана обука за Кузмановски, доколку сака да ја обнови лиценцата за работа
Разрешениот директор на Клиниката за неврологија, доктор Иван Кузмановски ќе треба да помине тримесечна специјализирана обука под директно водство на ментор, за да може да ја обнови лиценцата за работа. Ваква одлука донесе Комисијата за етички и правни прашања при Лекарската комора.
-
Македонија 24.10.2025 12:25
Одложено судењето на Фатон Љјури кој со мотор го усмрти Југослав Николовски
Судењето на Фатон Љјури кој со мотор го усмрти 68-годишниот пензионер Југослав Николовски на пешачки премин на кеј во Скопје беше одложено. Судот неспоредно пред рочиштето беше известен дека обвинетиот не е во состојба да присуствува оти има стомачен вирус и морал да прима инфузија.
-
Македонија 24.10.2025 09:58
Сообраќајот на патот Скопје-Куманово е во прекин, поради излетано ТМВ на патот
Поради излетано товарно моторно возило на клучката Хиподром на патниот правец Скопје – Куманово, сообраќајот е во прекин, соопштија од АМСМ.
-
Македонија 24.10.2025 09:21
Мицкоски: Гаранции за отворање на патот кон ЕУ
Премиерот Мицкоски повторно повика да се обезбедат гаранции дека барањето за менување на Уставот ќе биде последно на патот кон Европската унија.
-
Македонија 24.10.2025 09:02
В недела почнува зимското сметање на времето
Во недела, 26 октомври, во 03:00 часот завршува летното, а почнува зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад, односно времето во 03:00 часот ќе се смета како 02:00 часот.
-
Македонија 24.10.2025 08:15
Сообраќајот се одвива непречено, по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.










