Во недела, 26 октомври, во 03:00 часот завршува летното, а почнува зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад, односно времето во 03:00 часот ќе се смета како 02:00 часот.
-
Македонија 24.10.2025 09:02
-
Македонија 24.10.2025 08:15
Сообраќајот се одвива непречено, по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 24.10.2025 08:11
Љутков во работна посета на Виница
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска ќе престојува во работна посета на Виница. Во рамки на посетата, министерот Љутков ќе го посети археолошкиот локалитет Виничко кале, каде што е предвидена изјава за медиумите.
-
Македонија 24.10.2025 08:06
Облачно и релативно топло со повремени врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни со услови за појава на грмежи. Ќе дува засилен до силен ветер од југозападен правец (над 70 km/h).
-
Македонија 23.10.2025 20:19
Алармантна состојбата со сметот во Скопје
Метрополата мака мачи со сметот покрај контејнерите. Непријатна миризба, комунален хаос. Сериозна закана за здравјето на жителите .
-
Македонија 23.10.2025 19:54
Лишен од слобода возач во Скопје, возел под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна несреќа
На 22.10.2025 во 14:47 часот на ул. „Индира Ганди“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Б. (30) од Скопје.
-
Македонија 23.10.2025 18:51
Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и коалиција на терен
Ветуваме исчистено Скопје. На терен кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓоргиевски, со своите колеги кандидати од коалицијата ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 23.10.2025 18:20
Далипи: Не се откажувам, ќе бидам градоначалник на Струга
Резултатите од првиот круг на локалните избори јасно покажуваат дека Националната алијанса за интеграција е првата политичка сила во општина Струга.
-
Македонија 23.10.2025 17:49
Сулејмани: Времето на лошо владеење заврши
Албанците испратија моќна порака дека времето на лошо владеење, ароганција и измама заврши и не само на централно,туку и на локално ниво. Истакна портпаролот на Вреди, Дритон Сулејмани.
Пред оваа граѓанска волја НАИ доживееја пораз, но, како што рече Сулејмани, тие не извлекле поука.
-
Македонија 23.10.2025 17:39
ЗНАМ: Субвенции за учениците за таблет или лаптоп
Секој ученик во општина Центар ќе има можност за субвенција за таблет или лаптоп, е една од мерките за дигитална писменост, која ја предвидува кандидатот за градоначалник од движењето ЗНАМ.










