Македонија го празнува 23 Октомври-Денот на македонска револуционерна борба. Во 1893-та во Солун била основана внатрешно македонската одринска револуционерна организација за издвојување автономија на Македонија преку револуционерна борба.
-
Македонија 23.10.2025 13:21
-
Македонија 23.10.2025 12:20
Државниот врв со честитки по повод 23 Октомври
Државниот врв со честитки по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. Од државниот врв, претседателката Сиљановска-Давкова со апел да го продолжиме револуционерниот пат, не со оружје, туку со револуционерниот ум, револуционерното значење и реформи.
-
Македонија 23.10.2025 11:40
Лишени од слобода 11 лица за лихварство и перење пари, по едно лице сеуште се трага
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР во координација со ОЈО за ГОКК по обезбедени Наредби од Основниот кривичен суд Скопје, изврши претреси на повеќе локации низ град Скопје, при што лишени од слобода се 11 лица поради основано сомневање за сторени кривични дела „Лихвар
-
Македонија 23.10.2025 10:23
Калас: Прозорецот на ЕУ за проширување е отворен
Проширувањето на ЕУ е геостратешка инвестиција во безбедноста на цела Европа.
-
Македонија 23.10.2025 10:00
Николоски: Потпишавме меѓудржавен договор за авиосообраќај
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и Киер Метер, министер за воздухопловство, поморство и декарбонизација, во Лондон го потпишаа Договорот за редовен воздушен сообраќај помеѓу Македонија и Велика Британија.
-
Македонија 23.10.2025 09:19
Сообраќајот на патишта се одвива непречено, по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 23.10.2025 08:21
Ден на македонската револуционерна борба
Во земјава денеска се одбележува 23 октомври – Денот на македонската револуционерна борба, државен празник посветен на основањето на внатрешната македонско-одринска револуционерна организација во 1893 година во Солун.
-
Македонија 23.10.2025 08:11
Променливо облачно со сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.
-
Македонија 22.10.2025 20:16
Пронајдени мигранти, лишени од слобода двајца криумчари
Вчеравечер околу 22:10 часот кај место викано „Дубрава“, полициски службеници од Полициската станица за гранични премин и гранична контрола Дојран ги лишија од слобода Ф.М.(18) од Богданци и 17-годишник од Струмица.
-
Македонија 22.10.2025 19:46
Средба на Муртезани со британскиот министер за Европа, Доти
Министерот за европски прашања на Република Северна Македонија, Орхан Муртезани, денеска во Лондон, оствари билатерална средба со државниот министер за Европа, Северна Америка и прекуморските територии на Обединетото Кралство, Стивен Доти, на маргините на Конференцијата на високо ниво за Западен










