Решавање на сообраќајниот хаос во Тетово, најави Бајрам Реџепи, кандидат за градоначалник од НАИ. Во програмата дефинирано е и како ќе се реши проблемот со паркирањето, се планираат 7-катни гаражи и дислокација на сите институции од центарот на градот, најави Реџепи.
-
Македонија 25.10.2025 17:33
-
Македонија 25.10.2025 17:15
Мециновиќ: Граѓаните заслужуваат да живеат здрава и чиста животна средина
Ова живееме со смет е апсурд оти никој не можеше да претпостави дека општинските и градските власти ќе создадат ваков проблем, рече кандидатот за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ од „Левица“.
-
Македонија 25.10.2025 17:00
Кандидатите за градоначалник од СДСМ во Дојран и Аеродром со презентација на програмите
Развој на туризмот, угостителството и унапредување на хигиената. Тоа се трите постулати на мојата програма врз основа на која ќе го развиваме Дојран во наредните четири години.
-
Македонија 25.10.2025 16:28
Грејната сезона носи големо аерозагадување
Со стартот на грејната сезона и охриѓани и стружани дишат загаден воздух. Концентрацијата на штетните ПМ 10 честички се менува од час во час, но во ноќните часови на брегот на Охридското Езеро редовно се регистрира високо до енормно загадување.
-
Македонија 25.10.2025 15:38
Ноќеска почнува зимското сметање на времето
Ноќва 26 октомври, во 3 часот по полноќ, Македонија преминува на зимско сметање на времето. Часовниците ќе се вратат еден час наназад, односно на 2 часот, а овој ден ќе биде еден час подолг од останатите во годината.
-
Македонија 25.10.2025 15:07
Справување со еколошката катастрофа во Скопје
Главните градски артерии ослободени од ѓубре, но сметот и натаму се прелева од контејнери во споредните улици. Скопје полесно дише, но останува револтот на граѓаните дека се заложници на меѓуинституционални препукувања – кој е надлежен за хаосот во главниот град.
-
Македонија 25.10.2025 14:00
Зад розовите панделки стојат вистински приказни
Секој ден е борба, вели битолчанката Билјана, која лани на 45 годинашна возраст, ја добил дијагнозата-рак на дојка. Промените на градата ги забележала сама, по што веднаш побарала лекарска помош. Навремената реакција и даде втора шанса за живот.
-
Македонија 25.10.2025 12:03
Партиите ја продолжуваат изборната трка во вториот круг
Партиите од власта кои учествуваат на локалните ја продолжуваат изборната трка пред соочувањето со противкандидатите во вториот круг. Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ денеска со митинзи во Лозово, Росоман, Демир Капија и Неготино.
-
Македонија 25.10.2025 11:34
Зголемен бројот на случаи на семејно насилство во Прилеп
За 10 месеци во Прилеп се пријавени жртви на семејно насилство колку за целата година лани. Досега се евидентирани 86, а лани, до декември, биле 88. Бројките се зголемуваат, главно се жените, но не се изоставени ниту децата.
-
Македонија 25.10.2025 10:27
Сообраќајот на патишта се одвива непречено, по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.










