Известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Томас Вајц се надева дека по локалните избори, земјава ќе ги направи потребните уставни измени за вклучување на бугарската заедница како малцинство во македонскиот устав, заради откочување на евроинтеграциите.
-
Македонија 21.10.2025 10:00
-
Македонија 21.10.2025 09:25
46,63 излезност во првиот круг на локалните избори, соопшти ДИК
46,63 проценти односно 854.620 од оние што имаат право на глас ја исполниле својата граѓанска должност на изборите во недела. 43 општини во првиот круг добија градоначалник и совет, соопштија од Државната изборна комисија откако ги добиле сите материјали од избирачките места.
-
Македонија 21.10.2025 08:48
Интервјуирање на кандидатите за судија во Стразбур
11 кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, беа интервјуирани пред Kомисијата за избор. Испрашувањето беше на англиски и француски јазик, процесот го следеа и невладини организации. Шанса да ја продолжат постапката ќе имаат само тројца кандидати.
-
Македонија 21.10.2025 08:45
Сообраќајот се одвива непречено, по претежно суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 21.10.2025 08:40
ДИК: Во првиот круг избрани градоначалници во 43 општини
Државната изборна комисија ги објави првичните официјални резултати. Во првиот круг од гласањето, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ доби 33 градоначалници. СДСМ победи во 3 општини, „Вреди“ во 4, а Национална алијанса за интеграција во 3.
-
Македонија 21.10.2025 08:28
Премиерот Мицкоски ќе учествува на Самитот за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес
Премиерот Христијан Мицкоски ја предводи владината делегација на Самитот за Западен Балкан, кој се одржува во Лондон.
-
Македонија 21.10.2025 08:17
Променливо облачно со сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните јужни и источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени.
-
Македонија 20.10.2025 20:24
Жител на Челопек осомничен за насилство и загрозување на сигурноста на најблиските
Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против едно лице за кривични дела – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 и Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
-
Македонија 20.10.2025 18:47
Локалните избори беа конкурентни – оценка на меѓународните набљудувачи
Денот на изборите беше мирен, иако беа забележани некои недостатоци во процедурите, како групно гласање и несоодветно мешање од страна на претставниците на кандидатите. Кампањата за локалните избори во Северна Македонија беше конкурентна, а избирачите имаа широк избор на политички алтернативи.
-
Македонија 20.10.2025 18:05
НАИ прогласи победи во Гостивар, Липково, Чашка и Пласница
Националната алијанса за интеграција, прогласи победи уште во првиот круг во Гостивар, Липково, Чашка и Пласница. Арбер Адеми рече дека убедливо е водство и во Врапчиште, но таму нема цензус.










