Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски изјави дека изборите минале во главно фер и демократска атмосфера. Информираше дека уапсени се 11 лица, а исто така се проверувале 19 објави на социјалните мрежи и интернет во врска со изборите.
-
Македонија 19.10.2025 21:12
-
Македонија 19.10.2025 20:34
ОЈО: Мал e бројот на сторени кривични дела во целата држава поврзани со изборите
Јавните обвинителства во текот на целиот ден интензивно го следеа изборниот процес и сите известувања со евентуални индиции за сторено кривично дело поврзано со изборите.
-
Македонија 19.10.2025 19:55
ДИК: До 18:30 часот излезноста 46,65 проценти
Државната изборна комисија ја соопшти излезноста до 18:30 часот на првиот круг на локалните избори во земјава.
-
Македонија 19.10.2025 19:35
Заврши гласањето за првиот круг од локалните избори
Во 19 часот се затворени избирачките места на кои граѓаните можеа да гласаат во првиот круг од осмите по ред локални избори. На вкупно 3.474 избирачки места на територија на државата, право на глас во првиот круг од изборите имаа 1.832.415 лица запишани во Избирачкиот список. -
Македонија 19.10.2025 18:51
Приведе две лица во двор во училиште во Чаир - се претставиле како набљудувачи и одбиле да се легитимираат
Две лица, Ф.Е (35) и Н.Е. (44), се приведени во двор на основно училиште во скопски Чаир поради непочитување наредба на овластени службени лица кога од нив било побарано да се легитимираат, информираат од Министерството за внатрешни работи.
-
Македонија 19.10.2025 18:24
Тошковски: Полицијата обезбедува мирен и безбеден изборен процес, демократијата се гради преку учество
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска го искористи своето демократско право на глас, при што изјави дека демократијата се гради преку учество, доверба и почит кон волјата на граѓаните.
-
Македонија 19.10.2025 18:16
Локални избори 2025 - Отворено студио
Кога адреналинот кај партиите расте, кандидатите за градоначалници и советници го чекаат гласот на граѓанинот. Кој ќе ја води локалната власт? Поранешни градоначалници, професори и аналитичари ќе бидат гости во нашето студио.
-
Македонија 19.10.2025 18:14
Утре сончево време со температура до 20 степени
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени, информира УХМР.
-
Македонија 19.10.2025 18:07
МВР: Гласањето се одвива мирно, без поголеми нарушувања
Сите полициски службеници се на располагање за време на овие локални избори. Изборите се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера на територијата на целата држава, досега не се регистрирани посериозни нарушувања на јавниот ред и мир, информираат од МВР.
-
Македонија 19.10.2025 18:05
ДИК: До 17 часот своето право на глас го искористиле 39,61 проценти од избирачите
До 17 часот на денешното гласање на првиот круг од локалните избори, своето право на глас го искористиле 39,61 проценти од запишаните гласачи во избирачкиот список.










