Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска го искористи своето демократско право на глас, при што изјави дека демократијата се гради преку учество, доверба и почит кон волјата на граѓаните.
-
Македонија 19.10.2025 18:24
-
Македонија 19.10.2025 18:16
Локални избори 2025 - Отворено студио
Кога адреналинот кај партиите расте, кандидатите за градоначалници и советници го чекаат гласот на граѓанинот. Кој ќе ја води локалната власт? Поранешни градоначалници, професори и аналитичари ќе бидат гости во нашето студио.
-
Македонија 19.10.2025 18:14
Утре сончево време со температура до 20 степени
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени, информира УХМР.
-
Македонија 19.10.2025 18:07
МВР: Гласањето се одвива мирно, без поголеми нарушувања
Сите полициски службеници се на располагање за време на овие локални избори. Изборите се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера на територијата на целата држава, досега не се регистрирани посериозни нарушувања на јавниот ред и мир, информираат од МВР.
-
Македонија 19.10.2025 18:05
ДИК: До 17 часот своето право на глас го искористиле 39,61 проценти од избирачите
До 17 часот на денешното гласање на првиот круг од локалните избори, своето право на глас го искористиле 39,61 проценти од запишаните гласачи во избирачкиот список.
-
Македонија 19.10.2025 17:50
Изборниот процес во Струмица се одвива без проблеми
Битката се води помеѓу четворица кандидати за градоначалници во Струмица. Како тече гласањето? Ване Трајков во дневникот известува за струмичкиот регион.
-
Македонија 19.10.2025 17:36
Гласањето во Куманово се одвива без поголеми проблеми
Екипите на Македонската телевизија се на терен и известуваме од сите избирачки места. Во Куманово седуммина кандидати за градоначалници водат битка за локалната власт.Елена Георгиевска се јавува од североисточниот регион. -
Македонија 19.10.2025 17:23
Гласањето во Ѓорче Петров се одвива без проблеми
Остануваат уше два часа за гласање на осмите по ред локални избори. Како се одвива гласањето во Ѓорче Петров во Скопје?Оттаму известува Наташа Јанчиќ – Менковски. -
Македонија 19.10.2025 17:11
АВМУ: Поведени се прекршочни постапки против две телевизии за прекршување на изборниот молк
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) поведе прекршочни постапки против ТВ Компани 21-М и ТВ Шутел поради прекршување на изборниот молк во првиот круг од локалните избори 2025 година.
-
Македонија 19.10.2025 16:45
ЗНМ: Да се обезбеди почитување и непречена работа на медиумските работници на гласачките места
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) апелира до Државната изборна комисија (ДИК), општинските изборни комисии, и Министерството за внатрешни работи да продолжат да обезбедуваат непречен пристап и услови за работа за новинарите и медиумските работници на сите избирачки места.










