Утрешниот ден во Македонија повторно ќе донесе облачно време со врнежи од дожд, на места пообилни,особено во јужните и западните делови.
Локално ќе има услови за ретки грмежи, а ќе дува и слаб до умерен ветер од источен правец.
Утрешниот ден во Македонија повторно ќе донесе облачно време со врнежи од дожд, на места пообилни,особено во јужните и западните делови.
Локално ќе има услови за ретки грмежи, а ќе дува и слаб до умерен ветер од источен правец.
Ниту законите ниту Уставот не овозможуваат да се формира посебен суд или да се делегираат специјални судии за предметите на Специјалното јавно обвинителство, посочи претседателката на Врховниот суд, Неделкова.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против кумановскиот градоначланик Зоран Дамјановски, Л.Л.С. (52)-раководител на Секторот за урбанизам и В.Л.
Полицијата синоќа на локалниот пат Башино село - Велес во патничко возило управувано од скопјанецот С.А. пронашла непозната тревкаста материја (најверојатно марихуана) со вкупна тежина од околу 150 килограми.
Двајца јавни обвинители заедно со екипи на МВР и судска медицина од изутринава вршат увид на местото каде што вчера се урна приватниот авион марка „Пајпер “ со германски национални ознаки. Од Јавното обвинителство информираат дека ги преземале сите мерки за расветлување на несреќата.
Американскиот државен секретар Џон Кери, во име на претседателот Барак Обама, упати писмо со честитки до Македонија по повод Денот на независноста, 8-ми септември.
Авион со донација од Руската федерација се очекува да пристигне денеска во вечерните часови во Македонија, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување.
Со манифестацијата „Бела ноќ“ почнува одбележувањето на 25 години од Денот на независноста на Македонија. Во пресрет на државниот празник, вечер во МНТ ќе се одржи Свечена академија на која ќе говори претседателот Иванов.
Со приближувањето на крајот на бербата, тутунарите годинава очекуваат помал род, но со подобар квалитет од ланскиот.
За оваа сезона склучени се 30.000 договори со 10 монополи кои од тутунопроизводителите сакаат да откупат 26.000 тони.
Продолжува истрагата за сообраќајната несреќа во Турција кога туристички автобус од Македонија во сопственост на скопската фирма „Бога транспорт“ со скопски регистарски таблички удрил во камион со приколка, во близина на градот Малкара.