Рокот за поднесување на барања за субвенции за складирање на пченицата завршува на 15-ти септември.
Финансиската поддршка се добива за покривање на 80 проценти од трошоците за складирање во силоси регистрирани за откуп на земјоделски производи.
Рокот за поднесување на барања за субвенции за складирање на пченицата завршува на 15-ти септември.
Финансиската поддршка се добива за покривање на 80 проценти од трошоците за складирање во силоси регистрирани за откуп на земјоделски производи.
По реакцијата на македонската Амбасада во Ватикан за неточната информација за местото на раѓање на Мајка Тереза којашто се појави во брошурата подготвена од Ватиканските власти за нејзината канонизација денеска Државниот секретаријат на Ватикан упати извинување и дава појаснување како настанала г
Прилепското обвинителство поднесе обвинителен предлог против гинекологот поради чија негрижа почина родилка во февруари годинава. Лекарот е осомничен дека на 18 февруари во прилепската болница „Борка Талески“ во којашто работел не интервенирал на време при породувањето на пациентката.
Младите имаат сѐ помалку интерес за средните стручни училишта, иако компаниите постојано апелираат дека овие кадри се дефицитарни.
Седум години по бродската несреќа, кога при потонувањето на бродот „Илинден“ животот го изгубија 15 бугарски туристи безбедноста во внатрешната пловидба на Охридското Езеро е далеку поголема.
1.770.736 гласачи се запишани во избирачкиот список, податок кој ДИК го доставил и до политичките партии. Забележливо е намалување на гласачите од безмалку 9.400 споредбено со изборите во 2014-та.
Партиите веќе не ги чекаат изборните кампањи за да ќарат поени кај гласачите. Зашто само тогаш, велат од Советот за етика во медиумите, се мери квантитативно кој колку пренесол, а квалитативното се одработува сега.
Четиригодишно девојче паднало денеска од 7 кат на зграда на ул. „Владимир Комаров“ во скопски Аеродром.
Од МВР за МИА информираат дека девојчето паднало околу 10.45 часот и оти со тешки повреди е пренесено во Ургентниот центар.
Судскиот совет на Република Македонија избра 25 судии во повеќе судови во земјава. Дел од судиите кои беа избрани за основните судови за првпат ќе седнат на судиските столчиња како кандидати кои ја минале обуката на Академијата за судии и јавни обвинители.
До 30-ти септември студентите ќе може да аплицираат за стипендиите наменети за изучување на старотурскиот јазик на некој од светските универзитети.