Американскиот државен секретар Џон Кери, во име на претседателот Барак Обама, упати писмо со честитки до Македонија по повод Денот на независноста, 8-ми септември.
-
Македонија 07.09.2016 12:28
-
Македонија 07.09.2016 12:25
Донација од Русија за поплавените
Авион со донација од Руската федерација се очекува да пристигне денеска во вечерните часови во Македонија, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување.
-
Македонија 07.09.2016 10:20
Свечена академија и „Бела ноќ“ за Денот на независноста
Со манифестацијата „Бела ноќ“ почнува одбележувањето на 25 години од Денот на независноста на Македонија. Во пресрет на државниот празник, вечер во МНТ ќе се одржи Свечена академија на која ќе говори претседателот Иванов.
-
Македонија 07.09.2016 10:09
Тутунарите очекуваат помал род, но со подобар квалитет
Со приближувањето на крајот на бербата, тутунарите годинава очекуваат помал род, но со подобар квалитет од ланскиот.
За оваа сезона склучени се 30.000 договори со 10 монополи кои од тутунопроизводителите сакаат да откупат 26.000 тони.
-
Македонија 07.09.2016 10:05
Продолжува истрагата за сообраќајната несреќа во Турција
Продолжува истрагата за сообраќајната несреќа во Турција кога туристички автобус од Македонија во сопственост на скопската фирма „Бога транспорт“ со скопски регистарски таблички удрил во камион со приколка, во близина на градот Малкара.
-
Македонија 07.09.2016 10:04
Авион се урна кај Кожле, 6-мина загинати
Приватниот комерцијален авион што вчера попладне се урна на два километра од селото Кожле, летал на дестинација Тревизо-Скопје-Приштина. Во несреќата загинаа сите 6 патници и членови на екипажот: 4-ца италијански државјани и двајца од Kосово, потврдија од Mинистерството за внатрешни работи.
-
Македонија 07.09.2016 08:03
Истекува рокот за пријавување на штетите од поплавите
Денеска истекува крајниот рок што го определи Владата за пријавување на настанатите штети на недвижниот имот, движниот имот, моторните возила, земјоделските површини и сточниот фонд од поплавите кои се случија на 6 август 2016 година, за оштетените од населените места Стајковци, Сингелиќ, Инџиков
-
Македонија 06.09.2016 22:11
Авионот се урнал кај Кожле, нема преживеани
Авионот што исчезна попладнево се урнал кај велешкото село Кожле, каде што се најдени остатоци од леталото. Локацијата на уривањето ја потврди Министерството за внатрешни работи.
-
Македонија 06.09.2016 19:42
Германски приватен авион исчезнал од радарот на Скопскиот аеродром
Приватен авион со германски национални ознаки кој превезувал шест патници исчезнал од радарот на Контролата на летање на скопскиот аеродром „Александар Велики“, на 10 километри од влезно-излезната писта.
-
Македонија 06.09.2016 16:39
Свечена академија за Мајка Тереза во МАНУ
Според хуманите и величествени дела на големите личности се идентификуваат и стануваат препознатливи цели држави, народи, градови, нагласи во своето обраќање првиот човек на академијата Таки Фити.








