Донација од бела техника од Турција денеска ќе им биде предадена на домаќинства зафатени од поплавите во село Сингелиќ.
Донацијата ќе ја предаде амбасадорот на Република Турција во Македонија Омур Шолендил.
Донација од бела техника од Турција денеска ќе им биде предадена на домаќинства зафатени од поплавите во село Сингелиќ.
Донацијата ќе ја предаде амбасадорот на Република Турција во Македонија Омур Шолендил.
Македонската амбасада во Ватикан соопшти дека веднаш реагирала по неточната информација за местото на раѓање на Мајка Тереза којашто се појави во брошурата на англиски јазик подготвена од ватиканските власти за вчерашната свеченост.
Здружението „Интеракција плус“, од денеска до 12-ти септември во Скопје ќе организира бесплатна „Логопедска недела“. Сите заинтересирани ќе можат да добијат бесплатни прегледи и консултации во логопедското студио „Интеракција плус“.
Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат три комисиии- Комисијата за финансирање и буџет, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија.
По прогласувањето на Мајка Тереза за светица во Ватикан, во текот на оваа седмица во земјава ќе се одржат низа настани и манифестации во рамки на татковинската прослава „Денови на Света Мајка Тереза“.
Речиси половина од овошните насади во Ресенско или скоро 2.700 хектари се оштетени од пролетното измрзнување годинава.
До општинската комисија беа доставени 2.300 барања за проценка на штети кои во најголем дел се за насадите со јаболко.
Поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Франциск на церемонија која се одржа на плоштадот „Св. Петар“ ја прогласи Мајка Тереза за Светица. На канонизацијата на Блажена Мајка Тереза присуствува македонска државна и црковна делегација, предводена од претседателот Ѓорге Иванов.
Македонска државна и црковна делегација, предводена од претседателот Ѓорге Иванов, денеска ќе присуствува на церемонијата на канонизација на Блажена Мајка Тереза во Ватикан.
Евроамбасадорот Жбогар, наследникот на Орав, по преземањето на канцеларијата на Унијата во земјава порача- Унијата со нетрпение очекува да се реши долготрајната политичка криза.
Истекува рокот за поднесување барање за штета. Жителите во поплавените подрачја сѐ уште се во шок. Велат, и по 30 дена од кобната ноќ, не можат да му се вратат на нормалниот живот.