Центар мора да стане општина на пешаци, велосипеди и јавен превоз, а не на хаосот, велат од движењето ЗНАМ. Најавуваат субвенции и јавни програми за користење на велосипеди, катна гаража во Буњаковец и Смарт – паркинг систем.
-
Македонија 07.10.2025 17:18
-
Македонија 07.10.2025 17:13
Оружен инцидент во Куманово, повреден носител на листа од НАИ
Застрелан пулмологот Зекирија Шаини, носител на советничка листа од ДУИ за Липково. Возило во движење пукало кон докторот во непосредна близина на општинската зграда во Куманово. Тој веднаш бил пренесен во кумановската болница, а потоа на скопските клиники.
-
Македонија 07.10.2025 16:56
СДСМ и коалицијата на граѓански трибини во Карпош и Центар
Карпош знаел да ги препознае и ќе ги препознае оние кои лажат и манипулираат, кои се кандидираат за лични и бизнис интереси.
-
Македонија 07.10.2025 16:42
Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево
Најважниот проект за Кичево е заедништвото и обединувањето за развој на општината. Еден ланец е силен толку, колку што е најслабата алка во него издржлива. Една гранка е кршлива, но снопот дрвца или гранки е непобедлив.
-
Македонија 07.10.2025 16:05
-
Македонија 07.10.2025 15:41
Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман
По добиени сознанија за можен нехуман третман на стари лица – корисници на услуги за вон-семејна заштита, Основното јавно обвинителство Скопје во координација со Министерството за внатрешни работи, Единица за економски и компјутерски криминал, презема дејствија за расчистување на случајот.
-
Македонија 07.10.2025 15:19
Забранет пестицид откриен во македонски црвени пиперки во Хрватска, ДИЗ и АХВ вршат контроли
Опасниот пестицид „Метомил“, откриен во 15 тони свежа црвена пиперка извезена од земјава во Хрватска. Пратката која стигнала на 9-ти септември не била запрена од граничната контрола и бил дозволен влез во земјата.
-
Македонија 07.10.2025 15:03
Повредено едно лице во оружен инцидент во центарот на Куманово
Едно лице е повредено попладнево на улицата кај зградата на Општина Куманово, откако врз него било пукано од возило во движење. МВР соопшти дека повредениот е З.Ш.(43) од с.Слупчане, општина Липково и оти е пренесен во кумановската болница.
-
Македонија 07.10.2025 14:42
Андоновски: Од наредната година целосно автоматизирано пријавување на новороденче
Министерството за дигитална трансформација најави дека од јануари следната година целосно ќе се автоматизира пријавувањето на новороденче, информира министерот за дигитална трансформација.
-
Македонија 07.10.2025 14:24
Приведени двајца криумчари, пронајден мигрант од Турција
Вчера во 22:50 часот на Регионален пат Демир Капија-Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово ги лишија од слобода А.В.(47) и А.Б.(54), двајцата од Скопје.










