Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени.
На 28.09.2025 во 19:10 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишија од слобода Е.А.(20) и 17-годишник, двајцата од Гостивар, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана.
Министерот за внатрешни работи денеска оствари средба со новоакредитираниот амбасадор на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Н.Е. Ола Солстром.
Министерството за внатрешни работи ве известува дека од 01.04.2025 до 29.09.2025 година, регистрирани се вкупно 2.080 пожари на отворен простор, при што приведени се вкупно 60 лица, а по преземени мерки поднесени се 36 кривични пријави.
Двегодишно дете од липковското село Отљо, затруено откако испило таблета. Детето е примено на детскиот оддел во кумановската болница. По извршениот преглед, му е дадена терапија. Како што информираат од установата во моментов е во стабилна состојба.
Чаир е на крстопат дали ќе продолжи по патот на корупција и дивоградби, или ќе ја избере визијата за европска и современа општина, рече во своето излагање при промоцијата на програмата кандидатот на Национална алијанса за интегритет, Бујар Османи.
Кандидатот за градоначалник на Скопје Александар Трајановски вели дека неопходно е да се заврши мостот на „Љубљанска“, но и Паркот за рекреација кој осум години не работи.
Герила акција во знак на протест - вака претставниците на Левица го опишаа нивниот настап со леплива трака на усните.
„Моето враќање ќе биде на местото каде што припаѓам, во општината во Чаир, но и меѓу жителите“, рече Изет Меџити, кандидат за градоначалник на општина Чаир, од коалицијата „Вреди“.
На Куманово му треба континуитет, е порака на кандидатот за градоначалник од ЗНАМ. Димитриевски вети нова реална и остварлива програма. Потсети дека излегуваат со потврдени резултати, над 800 реализирани проекти.