Пет граѓани од Штип пријавиле симптоми на труење по консумирање сендвичи со пилешко месо од киоск – сендвичарница, информира Агенцијата за храна и ветеринарство.
-
Македонија 28.09.2025 19:29
-
Македонија 28.09.2025 18:46
Романец осомничен за тешка кражба во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против романски државјанин, осомничен дека во Скопје извршил кривично дело – Тешка кражба според член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик.
-
Македонија 28.09.2025 18:00
Промоција на кандидати и изборни штабови
„Се бориме за нашиот дом“ е слоганот со кој социјалдемократите ќе настапат на локалните избори. На партиската конвенција промовирани кандидатите за градоначалници и членови на општинските совети.
-
Македонија 28.09.2025 17:19
Женските неправди болат, насилството да не се толерира, порака од Конференцијата „Јас сум жена“
Ние жените не смееме да дозволиме молкот да стане погласен од вистината, насилството да се толерира, а најсуровиот облик на убиство, фемицидот, којшто ја гази светоста на животот и ја сквернави суштината на човечкото достоинство, да се сведе на обично убиство.
-
Македонија 28.09.2025 17:03
Од полноќ почнува кампањата за локалните избори
На полноќ почнува кампањата за локалните избори што ќе се одржат на 19 октомври. Во трка по довербата на граѓаните 309 кандидати за градоначалници. Има 576 кандидатски листи за членови на општинските совети со вкупно 10.490 кандидати.
-
Македонија 28.09.2025 16:26
Со температурни осцилации растат респираторни инфекции
Ниските утрински температури, но и периодот на врнежи, веќе го зголемуваат обемот на работа на инфективниот оддел во кумановската болница. За овој периоден период карактеристична е појавата на риновирусите. Граѓаните најчесто се жалат на симптоми на главоболка, температура, општа слабост.
-
Македонија 28.09.2025 15:31
Храмот „Свети Константин и Елена“ ги отвори вратите за верниците
Скопје доби нов православен храм. По 13 години градба, осветена е црквата „Свети Константин и Елена“ на улица Македонија.
Верниците во долга колона чекаа да влезат во црквата да присуствуваат на историскиот чин на нејзиното осветување.
-
Македонија 28.09.2025 14:57
Охриѓани со пораки кон идниот градоначалник
Поголема грижа за животната средина, планска и одржлива урбанизација, изградба и модернизација на патна, водоводна и канализациона инфраструктура. Ова се дел од пораките на охриѓани до идниот градоначалник.
-
Македонија 28.09.2025 13:55
Велешани не се откажуваат од подготовката на зимницата
На трпезата на повеќето велешани и годинава ќе се најде зимницата. Ајвар, лутеница, туршија, од се по нешто, но ќе ја има. Ова се оптимистичките најави на анкетираните, на градскиот пазар во Велес.
-
Македонија 28.09.2025 13:02
Маж осомничен за изнуда на пари од жена, поведена истрага
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека во последните 2 месеца вршело кривично дело – Изнуда од член 258 став 1 од Кривичниот законик.










