Министерот за внатрешни работи денеска оствари средба со новоакредитираниот амбасадор на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Н.Е. Ола Солстром.
-
Македонија 29.09.2025 19:47
-
Македонија 29.09.2025 19:28
36 поднесени кривични пријави до сега во врска со пожари на отворен простор, лишени од слобода 60 лица
Министерството за внатрешни работи ве известува дека од 01.04.2025 до 29.09.2025 година, регистрирани се вкупно 2.080 пожари на отворен простор, при што приведени се вкупно 60 лица, а по преземени мерки поднесени се 36 кривични пријави.
-
Македонија 29.09.2025 18:40
Куманово: Уште едно затруено дете од таблета
Двегодишно дете од липковското село Отљо, затруено откако испило таблета. Детето е примено на детскиот оддел во кумановската болница. По извршениот преглед, му е дадена терапија. Како што информираат од установата во моментов е во стабилна состојба.
-
Македонија 29.09.2025 18:28
Кандидатот на НАИ, Османи ја претстави програмата
Чаир е на крстопат дали ќе продолжи по патот на корупција и дивоградби, или ќе ја избере визијата за европска и современа општина, рече во своето излагање при промоцијата на програмата кандидатот на Национална алијанса за интегритет, Бујар Османи.
-
Македонија 29.09.2025 18:15
Активности на коалицијата „Искуство за успех“
Кандидатот за градоначалник на Скопје Александар Трајановски вели дека неопходно е да се заврши мостот на „Љубљанска“, но и Паркот за рекреација кој осум години не работи.
-
Македонија 29.09.2025 17:50
Активности на Левица
Герила акција во знак на протест - вака претставниците на Левица го опишаа нивниот настап со леплива трака на усните.
-
Македонија 29.09.2025 17:45
„Вреди“ најави дел од активностите за Чаир
„Моето враќање ќе биде на местото каде што припаѓам, во општината во Чаир, но и меѓу жителите“, рече Изет Меџити, кандидат за градоначалник на општина Чаир, од коалицијата „Вреди“.
-
Македонија 29.09.2025 17:40
Димитриевски: Куманово ќе биде нов регионален центар
На Куманово му треба континуитет, е порака на кандидатот за градоначалник од ЗНАМ. Димитриевски вети нова реална и остварлива програма. Потсети дека излегуваат со потврдени резултати, над 800 реализирани проекти.
-
Македонија 29.09.2025 17:31
СДСМ во Скопје
Ние ќе водиме позитивна кампања, ќе ги промовираме сите позитивни работи, проекти коишто се имплементирани од страна на нашите градоначалници, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче при посетата во ПОЦ-центар.
-
Македонија 29.09.2025 17:19
Ѓорѓиевски: Скопје ќе биде исчистен за 72 часа
Ќе создадеме визија за Скопје 2025-2045, за хуман, зелен и европски развој на градот, порача кандидатот за градоначалник на Скопје на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.









