Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан ги повика сите инволвирани партии во земјвата да соработуваат и да одредат што точно се случува, кој е одговорен за тоа и да реагираат единствено по тоа прашање.
-
Македонија 11.05.2015 17:08
-
Македонија 11.05.2015 17:06
НАТО: Македонската полиција на висина на задачата
Случувањата во Куманово ќе се најдат на дневен ред на состанокот на ниво на министри за надворешни работи на земјите- членки и земјите- партнери на НАТО при крајот на неделава.
-
Македонија 11.05.2015 16:45
Стабилна здравствената состојба на повредените бранители
Сите припадници на безбедносните сили кои беа ранети во акцијата за разбивање на терористичката група во Куманово се во стабилна здравствена состојба. За нивното здравје преку соопштение информираа од Министерството за здравство.
-
Македонија 11.05.2015 16:44
Погребани четворица од загинатите осум бранители
Последен поздрав за Бобан, Горан, Љубиша и Горан. Со неизмерна тага, болка и солзи од нив се збогуваа најблиските. Не се помируваат дека нивните животи згаснаа во еден миг.
-
Македонија 11.05.2015 16:40
Куманово се враќа во нормала, атмосферата во градот мирна
Куманово се враќа во нормалното секојдневие. Само засиленото присуство на полицијата е нем сведок за инцидентот од викендот. Маркетите, пекарите, пазарот – се е отворено. Институциите работат. Единствено училиштата и градинките се празни.
-
Македонија 11.05.2015 16:00
Бан Ки-мун повика на воздржаност по инцидентот во Куманово
Генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки-мун, изрази загриженост за инцидентите во Куманово. Повика за воздржаност и упати сочуство до семејствата на загинатите и ранетите во акцијата. -
Македонија 11.05.2015 15:56
Курц ќе побара Советот на ЕУ да расправа за Македонија
Министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц изрази загриженост поради најновата ескалација на насилствата во Македонија и ќе побара актуелните случувања да бидат тема на следниот состанок на шефовите на дипломатиите на ЕУ.
-
Македонија 11.05.2015 15:28
Средба на премиерот Груевски со амбасадори
Премиерот Никола Груевски денеска има средба со амбасадорите на Европската Унија, Соединетите Американски Држави, Франција, Велика Британија, Германија и Италија.Средбата ќе се одржи во 16:00 часот, во просториите на Владата на Република Македонија. -
Македонија 11.05.2015 15:24
Македонија оддава почит на загинатите припадници на безбедносните сили
Македонија тагува по своите загубени припадници на безбедносните сили. Денеска се погребани четворица од загинатите осум бранители.
-
Македонија 11.05.2015 15:18
ЕУ и НАТО: Загриженост за состојбата во земјава
Загриженост во Европската унија и НАТО за состојбата во земјава. Првиот човек на Северно-атланската алијанса, Јенс Столтенберг порача дека полицијата се справила со терористите професионално. Најважно е што нема цивилни жртви.










