Како функционирала владината коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Ова е главната тема на новите аудио разговори кои денеска ги објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Тој тврди дека од објавените телефонски разговори што ги поседува се слуша за криминали и местени тендери од милионски суми.
-
Македонија 13.05.2015 16:37
-
Македонија 13.05.2015 16:34
Земјата да се обедини- порачува европарламентарецот Танок
Силна осуда за терористичкиот напад во Куманово од еврпратеникот од владејачката конзервативна партија на Англија, Чарлс Тенок. „Не е момент за ловење на партиски поени во време кога државата е нападната од надворешна агресија“, изјави Танок за македонската телевизија.
-
Македонија 13.05.2015 16:27
МВР потврди: Во акцијата во Куманово, ликвидирани лидерите на терористичката група
Меѓу загинатите терористи се и командантите Нато и Бегу, двајцата странски државјани. Обдукцијата на телата што ја спроведеМВР преку Одделот за меѓународна полициска соработка го потврди идентитет на неколкумина од настраданите напаѓачи во Куманово.
-
Македонија 13.05.2015 15:35
Метео
Сончевото и топло време продолжува и утре. Кон крајот на денот во североисточните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд и ретки грмежи, а ќе дува и умерен повремено засилен југозападен ветер особено во западните региони од земјава.
-
Македонија 13.05.2015 15:13
Чавков и Мисајловски, нови министри за внатрешни работи и за транспорт и врски
Митко Чавков е новиот министер за внатрешни работи, а Владо Мисајловски за транспорт и врски. Констатирани се оставките на Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески. Премиерот Груевски го образложи предлогот.
-
Македонија 13.05.2015 14:53
Советот за етика со опомена до медиумите да не објавуваат невистини и шпекулации
Советот за етика во медиумите на Република Македонија, имајќи ги предвид најновите случувања во државата, апелира до медиумите да информираат на професионален и урамнотежен начин, и дека фундаментална цел на новинарството е да и служи на јавноста низ пласирање вести, гледишта, коментари и информа
-
Македонија 13.05.2015 14:46
Црвен Крсти има доволно резерви за помош на Кумановци
Се прави евиденција на терен за она што им потребмо на граѓаните, од продукти и хигиенски материјали.
Имаме доволно резерви- велат од Црвениот Крст, посочувајќи дека нема потреба граѓаните да собираат помош.
Нивните екипи се веќе на терен.
-
Македонија 13.05.2015 14:33
Констатирани оставките на Јанкулоска и Јанакиески
Собранието денеска на 50-тата седница ги констатираше оставките на министерот за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, а премиерот Никола Груевски го образложи предлогот на нивно место да бидат избрани Митко Чавков и Владо Мисајловски. -
Македонија 13.05.2015 13:28
МВР: Потврден идентитетот на убиените терористи
Преку Интерпол, потврден идентитетот на тројца од терористите убиени во акцијата во Куманово. Станува збор за државјани на Косово и еден на Македонија, соопштија од МВР.
-
Македонија 13.05.2015 12:35
Анкетна комисија за прислушувањето, по враќање на опозицијата
На денешната координативна средба на претседателот на Собранието со потпретседателите и координаторите на пратеничките групи донесен е заклучок за формирање на Анкетна Комисија за утврдување на аспектите и наводите поврзани со случајот со прислушкувани разговори, соопштуваат од Кабинетот на претс










