„Странските служби негативно влијаат на безбедноста“ - експерти за МТВ коментираат за случајот „Пуч“. Велат дека едно од сценаријата може да биде и тоа, општеството да се стави во грч и да се создаде страв и паника меѓу народот.
-
Македонија 04.02.2015 17:20
-
Македонија 04.02.2015 17:11
Грчките медиуми натаму напаѓаат: Груевски бил диктатор на чело на арогантна влада
Груевски бил диктатор кој што сонувал за македонизам и неговата влада била арогантна - порталот „Дифенс поинт“ е еден од оние што не штеди на зброви во обидот да се маргинализира случајот Пуч.
-
Македонија 04.02.2015 16:54
МОН и СОНК се договорија, редовна настава во сите основни и средни училишта
По интензивните разговори, МОН и СОНК се договорија. Нема да има казни и награди за екстерното, повисоки плати ќе добијат вработените во градинките. Во иднина ќе се намалува висината и на другите казните за наставниците. По оваа спогодба, синдикатот одлучи да не штрајкува и да не протестира.
-
Македонија 04.02.2015 16:38
Акција за помош на поплавените подрачја: За 24 часа собрани 620 илајди денари
620 илјади денари собрале хуманите граѓани за неполни 24 часа. Со овие пари ќе им се помага на семејствата чии имоти настрадаа во поплавените подрачја. Засега се собрани доволни количества вода и средства за дезинфкеција.
-
Македонија 04.02.2015 15:45
Пресечениот пат за РЕК Битола единствена алтернатива за спас на Новаци
За да се спаси Новаци од поголема какастрофа се пресече регионалниот пат од стратешко значење што води до РЕК Битола. Проценката беше дека ова е единствената можност да се намали притисокот на големата водена маса која доаѓа од преливањето на Црна Река кај могилското село Радобор.
-
Македонија 04.02.2015 15:22
Струмичкиот регион без вода за пиење
Со шишиња, кофи и канти во раце, граѓаните на Струмица, Васиелво и уште осум населени места полнат вода од резервните чешми во градот. На два пунктови каде што тече бунарска вода е најраздвижено. Граѓаните велат дека ќе издржат додека не се отстрани дефектот од водоводот.
-
Македонија 04.02.2015 15:08
Ќе се зголемуваат платите во градинките, за платите во образованието ќе се преговара
За два месеци континуирано ќе почнат да се зголемуваат платите во градинките, а за платите во образованието ќе се преговара, казните и наградите за наставниците се ставени во мирување се додека не се изнајде нов модел на екстерното тестирање.
-
Македонија 04.02.2015 14:34
Охрид меѓу водечките општини во водењето социјална политика
Општина Охрид е една од водечките во земјата кога се работи за социјалната политика и грижата за социјално ранливите категории на граѓани.
-
Македонија 04.02.2015 14:29
Одбележани 143 годинa од раѓањето на Гоце Делчев
Одбележани 143 години од раѓањето на големиот македонски револуционер Гоце Делчев. Во црквата Свети Спас, свежи цвеќиња положија делегации на владата, Собранието и на Град Скопје.
-
Македонија 04.02.2015 14:23
Новите врнежи можат да направат уште поголема штета во прилепско
Со новите врнежи нивото на водите е зголемено што незначи дека нема да настанат нови штети или излевање на реките од коритата, посочија од државното водостопанско претпријатие „Прилепско поле“, на денешниот редовен координативен состанок на Центарот за управување со кризи.










