Струмица, Василево и уште осум населени места во струмичкиот регион, се уште се без вода за пиење, поради дефект на главната брана Турија. Екипите работат на терен, вода за населението е донесена од цистерни. Се очекува дефектот да биде отстранет.
-
Македонија 04.02.2015 14:17
-
Македонија 04.02.2015 14:03
Штрајкот прекинат, редовна настава во сите училишта
Редовна настава има во сите основни и средни училишта во земјава. Штрајкот на СОНК е прекинат.
Синдикатот се договори со Министерството за образование да се одложи примената на казните и наградите за наставниците, се додека не се согласат за нов модел на екстерно тестирање.
-
Македонија 04.02.2015 14:00
Пристигнуваат пратки хуманитарна помош за жителите од поплавените подрачја
Пристигнуваат пратки со хуманитарна помош за жителите од поплавените подрачја. Вода и лекови од Алкалоид и Пелистерка се доставени од пункот на Црвениот крст.
-
Македонија 04.02.2015 13:48
Поплави: Ситуацијата во Новаци е алармантна, ќе се пресече регионалниот пат до РЕК Битола
Алармантна е ситуацијата во битолско Новаци. Надојдената Црна река се заканува да го урне мостот до РЕК Битола. Опасност, најголемиот производител на електрична енергија во државава, да остане отсечен. Механизацијата и надлежните се на терен.
-
Македонија 04.02.2015 13:25
Отпадоците од кланиците безбедно да се складираат и отстранат
За да се намали здравствениот ризик за луѓето и добитокот, собирањето, транспортот и складирањето на отпадот од животинско потекло мора да се врши во соодветни услови. Треба да се почитуваат правилата за отстранување на потенцијалните опасности.
-
Македонија 04.02.2015 12:27
Лавина го затрупа патот кај манастирот Бигорски
Според СВР Тетово сообраќајот е во прекин, а за расчистување на наносот се повикани екипи од „Македонија пат“.
На возачите им се препорачува деновиве да не патуваат по долината на Радика и да не се задржуваат кај Бигорскиот манастир зашто има опасност од нови одрони.
-
Македонија 04.02.2015 10:48
Бесими: Одлагањето на преговорите со ЕУ, не е добро за стабилноста во регионот
Македонија е подготвена да ги почне преговорите со Европската Унија. Одлагањето поради блокадата од Грција и по шест препораки од Европската Комисија не е добро за стабилноста на регионот вклучувајќи го и нашиот јужен сосед.
-
Македонија 04.02.2015 10:11
Водата во пелагониските села Брод, Живојно, Вашарејца и Новоселани неисправна за пиење
Пелагониските села Брод и Живојно од општина Новаци и Вашарејца и Новоселани од општина Могила кои користат индивидуални водоводи имаат неисправна вода за пиење. Водата е забранета за пиење, миење и друга употреба, потврдија од ЈЗУ Завод за здравствена заштита-Битола. -
Македонија 04.02.2015 09:47
Забрана за камиони на патиштата кај Маврово, Пресека и Буково
Поради интензивни врнежи од снег, на патните правци крак Маврово – Дебар, Кичево – Охрид преку планинскиот премин Пресека и Охрид Ресен преку Буково има забрани за движење на тешки товарни возила, соопшти изутринава Автомотосојузот на Македонија. -
Македонија 03.02.2015 22:20
МОН: Постигнат договор со СОНК, наставата од утре продолжува нормално
Министерството за образование и наука и Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) по неколкудневни интензивни преговори, постигнаа взаемно прифатлива спогодба по однос на сите отворени прашања, информираат од МОН.










