• Македонија 03.02.2015 16:59

    Црвениот крст почна со дистрибуирање хуманитарна помош во поплавените региони

    Црвениот крст започна акција што ќе трае во наредниве 12 дена. Ги повикуваат компаниите да донираат вода и средства за дизинфекција, бидејќи според проценките тоа недостига во полавените подрачја. Исто така имаат жиро-сметка и мобилни телефони на коишто ќе можат да донираат граѓаните.

  • Македонија 03.02.2015 16:52

    Струмичиот регион без вода, пролетното производство ќе го нема!

    Дефект на главната водоводна линија од регионланиот водовод на браната Турија до утре на пладне ќе ги остави без вода за пиење жителите на Струмица, Добрејци, Дабиле, Градско Балдовци, Баница, Просениково, Василево, Градашорци, Ангелци и Едрениково, соопштуваат од Центарот за управување со кризи.

  • Македонија 03.02.2015 16:29

    Штети по поплавите: Мали се изгледите дека есенската сеидба ќе даде жетва

    Временските непогодни го земаат својот данок. Огромна обработлива површина од најголемата житница е под вода. Според агрономите мали се изгледите дека есенската сеидба ќе даде жетва. На кочанските полиња има вода и до дваесет сантиметри, во Пелагонија и до половина метар.

  • Македонија 03.02.2015 16:18

    Се стабилизира состојбата со поплавите во струшко

    Се стабилизира состојбата со поплавените подрачја во струшко. Убавотот време, сонцето и повисоките температури беа причина за повлекувањето на водата. Пумпи за вода се уште може да се забележат по струшките дворови, но граѓаните велат дека состојбата се нормализира.

  • Македонија 03.02.2015 15:20

    Вицепремиерот Бесими во посета на САД

    Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Фатмир Бесими, престојува во официјална посета на САД, каде што во текот на денов ќе има неколку средби во Стејт департментот, во Националниот совет за безбедност и во Конгресот.
     
  • Македонија 03.02.2015 15:08

    Голема акција во Пелагонија: Со 10 илјади вреќи песок се зајакнува насипот на Црна Река

    Во справување со заканите од нови поплави во Пелагонија се ангажирани   над 250 војници и вработени во јавните претпријатија. Со 10 илјади вреќи песок се зајакнува насипот на Црна Река во населените места Лознани и Царлија.

  • Македонија 03.02.2015 14:33

    Метео

    Повторно следува период на променливи временски услови.
     
    Утре во Македонија ќе преовладува претежно облачно време со врнежи од снег во западните делови на планинските предели, на пониските места врнежите ќе бидат од дожд и од снег но со послаб интензитет.
  • Македонија 03.02.2015 13:24

    АЕК усвои нов Правилник со обврски за операторите

    Речиси 800 барања за решавање спорови пристигнале од граѓаните на адреса на Агенцијата за електронски комуникации. Најголем дел од нив се однесуваат на  квалитетот на мобилниот интернет.

  • Македонија 03.02.2015 13:08

    Брегалница полека се враќа во коритото

    Брегалничка река полека се враќа во коритото. Нивото на водата во споредба со вчерашниот ден утринава е намалена за 30 сантиметри. Надлежните очекуваат во текот на денешниот ден да дојде до драстично намалување, бидејќи намален е и испустот од акумулацијата Калиманци.

  • Македонија 03.02.2015 12:58

    Општина Аеродром ќе добие нов парк

    Девет хектари ново зеленило до средината на летото ќе добијат граѓаните на општина Аеродром.  Новиот парк ќе биде опремен со урбана опрема, детски игралишта  и повеќе наменски спортски терени. Инвеститор е градот Скопје, а изведувач на работите- Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“.

Pages