Здравство, судство, образование и полиција се четирите најкорумпирани сектори во земјава. Ова го покажа најновото истражување на Европската унија која го спроведе со Државната комисија за спречување корупција во соработка со Сојузната служба за администрација на Германија.
-
Македонија 06.02.2015 16:21
-
Македонија 06.02.2015 15:27
Водата во Ерековци, Тројкрсти, Чепигово, Канатларци и Кадино село не е за пиење
Жителите од населените места: Ерековци, Тројкрсти, Чепигово, Канатларци и Кадино село да не ја користат водата за пиење. Водата во овие населени места не е бактериолошки исправна и истата доколку секористи може да биде причина за предизвикување на заболување.
-
Македонија 06.02.2015 15:22
Државниот испит одложен за една година
На претходно барање на Универзитетскиот Сенат при „Универзитетот Свети Кирил и Методиј“, денес се оствари средба помеѓу претставници на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во чија што делегација беа и претставници на Професорскиот и на Студентскиот пленум, и претставници на Владата на Република
-
Македонија 06.02.2015 15:06
Несреќа во Богданци: Ќе се врши ДНК анализа на телата на починатите
Основното јавно обвинителство Гевгелија издаде наредба за ДНК анализа за да се утврди идентитетот на починатите во вчерашната експлозија во фабриката за полнење плински боци во близина на Богданци.
-
Македонија 06.02.2015 14:39
Акција за помош на поплавените подрачја: Досега донирани три милиони денари
Речиси три милиони денари донирале граѓаните преку мобилните оператори, донација за загрозените во поплавените подрачја. Пакети со храна, средства за лична хигиена и за дезинфекција.
-
Македонија 06.02.2015 14:19
Состојбата на повредениот во експлозијата во Богданци непроменета
Состојбата на повредениот кој настрада вчера од експлозијата во фабриката за плински боци во Богданци е непроменета.
Се наоѓа на одделот за интензивна нега во Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“ во Скопје и се чека да поминат 48 часа за да се види состојбата на органите за дишење.
-
Македонија 06.02.2015 14:06
Метео
Првата половина од викендот ќе ни донесе променливо облачно време со сончеви периоди, попладне и во вечерните часови на места со слаби врнежи од дожд и снег и слаб до умерен северен ветер.
Во недела не очекува претежно облачно и ветровито време со локални врнежи од снег.
-
Македонија 06.02.2015 14:03
МВР: Експлозија на гас ја предизвика несреќата во фабриката „Балкан гас“ во Богданци
Екплозија на гас ја предизвика несреќата во фабриката „Балкан гас“ во Богданци, по увидот соопшти Министерството за внатрешни работи.
Животот го загубија тројца работници, сите од село Ѓавато. Двајца од починатите биле во роднинска врска.
-
Македонија 06.02.2015 12:57
Поплави: Критично кај Демир Хисар, се очекува излевање на Црна Река
Критично е со Црна Река кај Демир Хисар. Нивото е зголемено и во секој момент се очекува излевање. Наврнатиот снег на Пелистер е потенцијална опасност.
-
Македонија 06.02.2015 12:24
АХВ: Препораки за населението во поплавените подрачја
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) уште еднаш апелира населението од поплавените подрачја да се придржува до препораките за заштита од заразни болести кои се пренесуваат преку храната и водата за пиење, како и до советите за навремено и правилно постапување со домашните животни.









