Некои земји веќе прославија, но во Македонија сè уште се прават подготовки за најлудата ноќ. Иако, во главниот град забавата веќе почна во дел од кафеаните. Каква е атмосферата во центарот на Скопје?
Марија Котовска е на плоштадот „Македонија“
Некои земји веќе прославија, но во Македонија сè уште се прават подготовки за најлудата ноќ. Иако, во главниот град забавата веќе почна во дел од кафеаните. Каква е атмосферата во центарот на Скопје?
Марија Котовска е на плоштадот „Македонија“
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во новогодишната честитка оцени дека 2025-та година ќе остане запаметена по драматичните глобални промени, војните, кризите и ослабеното меѓународно право.
На 30.12.2025 година по преземени оперативно тактички мерки од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје на ул. „192“ на подрачје на Бит Пазар во Скопје пронајдени и одземени се околу 6.000 различни парчиња на пиротехнички средства.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска упати новогодишна порака до граѓаните, посакувајќи им здравје, мир, добрина и љубов.
Земјоделците во цела Грција од денеска до петок нема да ги блокираат автопатиштата и граничните премин, со што сообраќајот овие три дена ќе се одвива непречено со цел да се олесни патувањето на граѓаните за Нова година, додека пак в недела, на состанок ќе се донесат одлуки за следните чекори.
Премиерот Христијан Мицкоски во новогодишното обраќање порача дека 2026 година ќе биде година на раздвижување, раст и вкупна преобразба на државата, по периодот на стабилизација и консолидација во 2025 година.
Сообраќајот кон ГП Ќафасан уште е во прекин во двата правци поради сообраќајна незгода, соопшти Автомото сојузот на Македонија. Вчера, 30 декември, кон пладне, цистерна се преврте на патот, блокирајќи го пристапот до Ќафасан од Струга.
За околу 250.000 ученици во основните и средните училишта денеска почнува зимскиот распуст.
На настава ќе се вратат на 20 јануари 2026 за почетокот на второто полугодие.
Ги одбројуваме последните часови од оваа година. Скопје во претпразнична атмосфера. 13-метарската елка го краси градскиот плоштад, каде што вечер во 20 часот ќе почне организираната прослава и дочекот на новата година. Ќе настапат исклучиво пејачи од македонската естрада.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информира АМСМ. Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.