-
Македонија 21.09.2014 18:34
Метео
Утре преку ден сé уште ќе имаме убаво време, сончево со мала до умерена облачност и топло. -
Македонија 21.09.2014 17:30
Да се почитуваат правилата и препораките за побезбеден сообраќај!
Неодговорно, несовесно возење може дачини живот. Зад воланот се, а зборуваат на мобилен. Не се врзуваат со појасите, а некои дури возат без дозвола или управуваат возила без технички преглед.
-
Македонија 21.09.2014 17:09
Освен езерски, Охрид развива и рурален туризам
Ако до сега Охрид беше исклучиво свртен кон езерскиот туризам, новите стандарди на модерните светски номади ги поттикнаа инвеститорите да се заинтересираат за подзаборавените и скоро целосно запуштени села.
-
Македонија 21.09.2014 16:37
Претседателот Иванов на 69-тото Генерално собрание на ОН
Во рамкитe на учеството на Генералното Собрание на Обединетите Нации, македонскиот претседател Ѓорге Иванов ќе оствари средба со генералниот секретар Бан Ки-Мун, а ќе учествува и на приемите што за шефовите на делегации ќе го приреди американскиот претседател Б
-
Македонија 21.09.2014 16:24
Подигнување на свеста за заштита на охридската пастрмка!
Со целосната заштита на Охридското езерото и од албанска страна под капата на УНЕСКО, ќе се воведат нови стандарди во управувањето на оваа најголема водна површина. Акцентот ќе биде ставен на албанската страна.
-
Македонија 21.09.2014 15:19
Намален род: Ќе нема доволно пиперки за ајвар!
Започна откупот на пиперката во Општина Кривогаштани, регионот каде се произведува најголемиот дел од оваа култура во Македонија. Но за жал годинава поради врнежите и наездата на глодари родот е многу уништен, а останатиот не е со екстра квалитет.
-
Македонија 21.09.2014 13:29
Послаб квалитет на тутунот во Струмица
Горчлива година за струмичките тутунари. Дождот им ја накваси и онака големата тутунарска мака. Ја зголеми и продолжи вегетацијата на жолтото злато, но го намали квалитетот. Велат, до нова година ќе береме.
-
Македонија 21.09.2014 11:14
„Ало докторе“: За два дена 200 повици
На телефонската линија за медицински совети 15123 - „Ало докторе!“, изминатите два дена, на 19 и 20 септември, до 22 часот имало 200 повици, соопштуваат од Здрвствениот дом Скопје. -
Македонија 21.09.2014 10:59
Ивановски на состанок на Комисијата за широкопојасен интернет во Њујорк
Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски ќе учествува на состанокот на Комисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој што денеска ќе се одржи во Њујорк. -
Македонија 21.09.2014 10:47
Пешачко дефиле за поголема безбедност во сообраќајот
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) денеска во Скопје ќе ги промовира пешачењето, велосипедизмот и користењето на јавниот градски превоз како алтернативни форми на мобилност за подигање на јавната свест за поголема безбедност во сообраќајот.










