Итен состанок во Министерството за животна средина, под палката на вицепремиерот Меџити. Надлежните институции треба да излезат со информација, што испушташе чадот, додека гореше огнената стихија во фабриката во Трубарево. Пожарот иако е изгаснат, сепак наместа се појавуваат мали жаришта.
-
Македонија 15.09.2025 17:20
-
Македонија 15.09.2025 17:13
Инспекторите не забележале неправилности, отпадот имал валидна дозвола
Валидна е дозволата на компанијата за управување со отпад во Трубарево во која избувна пожарот, била издадена во мај 2021, а важи до мај следната година-велат од Секторот за отпад при Министерството за животна средина.
-
Македонија 15.09.2025 17:02
Продолжуваат партиските обвинувања за пожарот во Трубарево
Не видовме решенија за 15 месеци, вели Филипче и побара оставки од министрите за здравство Алиу и внатрешни работи и Тошковски поради несоодветното справување со пожарот во депонијата во Трубарево и загрозувањето на здравјето на граѓаните.
-
Македонија 15.09.2025 16:44
Во Законодавниот дом одбележан Меѓународниот ден на демократијата
Законодавниот дом кој треба да биде фабрика за решенија, често се претвора во кафеана со отворен микрофон. Пратеници се погласни во етикетирањата и навредите, додека проблемите на граѓаните чекаат пред врата.
-
Македонија 15.09.2025 16:16
Тошковски: Истрагата се продлабочува, ќе одговараат сите инволвирани во катастрофата
Четворица приведени добија 48-часовен притвор за пожарот во објектот за електронски и пластичен отпад во Трубарево. МВР испитува вмешаност и на други одговорни лица за пожарот.
-
Македонија 15.09.2025 16:03
Осуммина кандидати за градоначалник на Куманово
Осуммина кандидати во трката за градоначалник во најголемата општина во земјава, доколку државната изборна комисија ги потврди нивните листи. Кумановци би требало да одлучуваат за актуелниот градоначалник Максим Димитриевски како претставник на ЗНАМ.
-
Македонија 15.09.2025 15:26
Во текот на ноќта извршени 13 интервенции од Итна помош во Трубарево, 1 лице транспортирано на Клиниката за токсикологија
Во текот на изминатата ноќ заклучно со попладнево во реонот на Трубарево извршени се 13 интервенции од Итната медицинска помош, при што едно лице е транспортирано во болница и извршен е транспорт на неподвижно лице до друго населено место, информираат од Министерството за здравство.
-
Македонија 15.09.2025 15:13
Момче рането со огнено оружје пренесено во Ургентен центар
Осумнаесетгодишно момче од Скопје со прострелни повреди било донесено ноќеска во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“.
-
Македонија 15.09.2025 14:45
Царинска управа: Запленети 204 банкноти и монети за колекционерски цели
Запленети се 204 банкноти и монети за колекционерски цели, чија вредност е проценета на 700 илјади денари. Случајот е откриен од страна на царинските службеници на Меѓународен Аеродром Скопје, при контрола на патник, државјанин на САД.
-
Македонија 15.09.2025 14:11
Лишени од слобода двајца возачи од тетовско и гостиварско, управувале возила со многу поголема брзина од дозволеното
Вчера во 18:20 на патот Тетово-Гостивар, пред наплатна станица Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишија од слобода Ј.С.(36) од с. Грчец, скопско.










