По барање на Обвинителството, Кривичниот суд во Скопје определи притвор од 48 часа за четири лица за пожарот во Трубарево.
-
Македонија 15.09.2025 10:11
-
Македонија 15.09.2025 09:58
Тошковски денеска ќе присуствува на јавно уништување на запленети наркотични дроги и оружје
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во кругот на фабриката „Макстил“ ќе присуствува на јавно уништување на запленети наркотични дроги и оружје.
-
Македонија 15.09.2025 09:53
Муртезани во Брисел на состанок на ГАК за владеење на правото
На покана на Данското претседателство со Советот на ЕУ, министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, утре во Брисел ќе учествува на состанок на Советот за општи работи на Европската Унија (ГАК), кој ќе биде посветен на владеење на правото.
-
Македонија 15.09.2025 09:36
Сообраќајот на патиштата се одвива непречено по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 15.09.2025 09:19
Во Собранието денеска ќе биде одбележан Меѓународниот ден на демократијата
Во Собранието денеска ќе биде одбележан Меѓународниот ден на демократијата, со одржување на едукативен семинар на тема: „Демократијата и Собранието“ за ученици од средните училишта.
-
Македонија 15.09.2025 08:52
Од денеска училиштата во Трубарево ќе следат онлајн настава
Од Министерството за образование и наука соопштуваат дека децата во училишта во Трубарево, како и училиштата „Крум Тошев“, „Његош“, „Вера Јоциќ“ и „Наум Наумовски – Борче“ во Гази Баба, од денеска до крајот на неделава наместо со физичко присуство, наставата ќе ја следат онлајн.
-
Македонија 15.09.2025 08:43
Протест кај мостот „Близнаци“ против загадувањето
Жители на Аеродром и денеска протестираат против загадувањето во нивната општина. Од 7 часот и 30 минути ја блокираат крстосницата во населбата кај мостот „Близнаци“.
-
Македонија 15.09.2025 08:19
Променливо облачно со сончеви периоди
Во раните утрински и претпладневни часови во источните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и услови за појава на ретки грмежи. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h).
-
Македонија 14.09.2025 20:41
Поведена постапка против едно лице за сообраќајна несреќа во Марино
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 36-годишник од Гевгелија осомничен за -Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 3 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
-
Македонија 14.09.2025 20:08
Обвинителство: Побаран краткотраен притвор за 4 лица во врска со пожарот во Трубарево
Поради основано сомнение дека со заеднички дејствија учествувале во извршување на кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 4 лица за кои од судија










