Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска повторно беше на теренска посета на опожареното складиште во Трубарево, каде денес е поставена мерна станица, поставена да го провери квалитетот на воздухот во реално време.
-
Македонија 14.09.2025 19:32
-
Македонија 14.09.2025 18:55
МОН: Онлајн настава во четири училишта во Гази Баба
Министерството за образование и наука информира дека наставата во основните училишта „Крум Тошев“, „Његош“, „Вера Јоциќ“ и „Наум Наумовски Борче“ во општина Гази Баба, од понеделник 15 септември до петок 19 септември ќе се реализира без физичко присуство на учениците во училиштата, туку онлајн.
-
Македонија 14.09.2025 18:19
ИЈЗ: Нема отстапувања од нормалните референтни вредности што би укажале на радијација во воздухот
Нема никакви вредности кои би укажале на зголемена радиоактивност или на ризик за здравјето на граѓаните, се наведува во соопштението од Институтот за јавно здравје.
-
Македонија 14.09.2025 17:59
ДИК: Во Град Скопје и општините во земјава поднесени вкупно 312 листи на кандидати за градоначалници и 575 листи за советници
По завршување на рокот за поднесување на кандидатски листи за градоначалници и совети на општините и на Градот Скопје, во 80 општини и Градот Скопје, до општинските избрни комисии се поднесени вкупно 312 листи на кандидати за градоначалници и 575 листи на кандидати за советници на општините и Г
-
Македонија 14.09.2025 17:31
Пожарот под целосна контрола, но има чадење
Пожарот во Трубарево ставен под целосна контрола, но, чадењето и смрдеата и натаму присутни. Продолжи затрупувањето со песок. Луѓето во непосредна близина на опожарениот објект за електричен отпад добија насоки да се евакуираат. Четворица, меѓу кои и одговорните во фирмата во полиција.
-
Македонија 14.09.2025 16:33
Четворица, меѓу кои и првиот човек на ЦУК завршија на Токсикологија по пожарот во Трубарево
Никој не е имун на загаденоста од црните облаци што ја прекрија метрополата по пожарот во Трубарево. Најизложени локалните жители и тимовите за интервенција – четворица по бурната ноќ на борба со огнената стихија завршија на токсикологија.
-
Македонија 14.09.2025 15:53
Премиерот гледа диверзија, СДСМ потфрлање на системот
Очигледно е дека некој има интерес од ваквата ситуација во државата со пожарите, но тие луѓе кои го прават ова, ќе бидат поразени. Премиерот Мицкоски со порака од Трубарево каде што изгоре складиште за електронски отпад.
-
Македонија 14.09.2025 15:25
Земени мостри за испитување присуство на тешки метали, резултатите најрано утре
По стравотниот пожар во Трубарево се анализираат земените мостри за загаденоста на воздухот и почвата.
-
Македонија 14.09.2025 14:01
Со издвојување на органскиот отпад и селекција на отпадот за рециклирање ќе запрат пожарите на депониите
Скопје деновиве се гуши од чадот од депониите, но истиот проблем го имаме скоро секаде во државата и ќе го имаме сè додека отпадот го депонираме на несанитарни депонии и без претходна селекција, вели ректорот на УГД и раководител на лабораторијата за мерење на аерозагадување „Амбикон“, д-р Дејан
-
Македонија 14.09.2025 13:25
Депониите станаа мета на потпалувачите
Летово повеќепати се гаснеше депонијата во Долнени, а во февруари и лани прилепската градска депонија. И сè уште нема ниту пријава, уште помалку фатен сторител, а најмалку е откриена причината зошто се подгрева огнот.









