Синоќа во 20:30 часот на улица „Абас Емин“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Ј.Н.(38) од Охрид. Тој се сомничи дека претходно со подесен алат и со физичка сила се обидел да отвори прозор и да влезе во куќа на истата улица.
-
Македонија 11.09.2025 12:50
-
Македонија 11.09.2025 12:01
Лишен од слобода лихвар од Скопје, следува соодветна пријава
Вчера во 15:00 во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Ј.(41) од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик.
-
Македонија 11.09.2025 10:20
Дождот не помогна во гаснењето на пожарот на „Дрисла“
Дождот во Скопје не помогна во гаснењето на пожарот во депонијата „Дрисла“. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов вели дека и изминатите денови на депонијата било фрлано вода, но гаснењето одело тешко.
-
Македонија 11.09.2025 09:25
Сообраќајот се одвива непречено, по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.
-
Македонија 11.09.2025 09:00
Судскиот совет ќе одлучува како ќе работи во периодот до изборите
Судскиот совет денеска ќа ја одржи 528 седница, на која, како што е најавено треба да биде разгледано прашањето за начинот на постапување на Советот, за време на изборен процес.
-
Македонија 11.09.2025 08:48
Утрово земјотрес во Центар Жупа
Земјотрес со јачина од 3,8 степени, според Рихтеровата скала, утрово регистриран во Центар Жупа.
Земјотресот е регистриран во 06:35 часот, на 16 километри источно од Центар Жупа, според Европскиот медитерански сеизмолошки центар.
-
Македонија 11.09.2025 08:30
Пратениците со безбедносен сертификат во надзор на Агенцијата за разузнавање
Денеска пратениците со безбедносен сертификат одат во надзор на работата на Агенцијата за разузнавање.
По наводите за нелегално прислушување на актуелниот премиер, тогашен опозициски лидер Мицкоски, вчера народните избраници беа во Агенцијата за национална безбедност.
-
Македонија 11.09.2025 08:25
Мицкоски на увид на реконструкција и адаптација на ГОБ „8 Септември“ Скопје
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски ќе изврши увид во градежни активности на реконструкција и адаптација на оперативен блок и интензивна нега со пропратна содржина во Градската општа болница „8 Септември“, Скопје.
-
Македонија 11.09.2025 08:05
Денеска на полноќ завршува јавниот увид во Избирачкиот список за локалните избори
Денеска на полноќ завршува јавниот преглед на Избирачкиот список за локалните избори. Граѓаните имаат можност да извршат увид во подрачните единици и канцеларии на Државната изборна комисија до 20 часот.
-
Македонија 11.09.2025 08:01
Облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 15 l/m2) за кратко време и засилен ветер (над 60 km/h).










