Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат делови од општините Чучер Сандево и Кисела Вода.
-
Македонија 04.09.2025 08:56
-
Македонија 04.09.2025 08:43
Зголемен интензитет на сообраќај надвор од градските средини, нема подолги задржувања на граничните премини
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, информираат од АМСМ.
-
Македонија 04.09.2025 08:28
Премиерот Мицкоски денеска во посета на општина Брвеница
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети Општина Брвеница, при што ќе присуствува на пуштање во употреба на улицата „Коста Рацин“ во село Брвеница.
Проектот е финансиран од Владата, во вредност од 9.211.939 денари.
-
Македонија 04.09.2025 08:25
Нов оглас за судија во судот во Стразбур
Министерството за правда го објави огласот за тројца кандидати за судија во судот во Стразбур. Овој пат рокот за пријавување ќе биде 30, наместо 15 дена.
-
Македонија 04.09.2025 08:24
Судење за членови на криминалната група „Беланоца-Барон“
Девет лица од криминалната група „Беланоца-Барон“ на обвинителна клупа. Се товарат за злосторничко здружување, осум убиства, изнуда, закани, палење објекти и автомобили, трговија со дрога, во период од 2020-та до 2024 година.
-
Македонија 04.09.2025 08:14
Променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи
Времето денеска ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m2), засилен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град.
-
Македонија 03.09.2025 20:48
Јаневска: Образовниот систем ќе има клучна улога во остварувањето на целите од Стратегијата за соработка со СЗО
Националната стратегија за соработка со Светската здравствена организација во следните пет години ги утврдува здравствените приоритети на државата, кои ќе се реализираат во соработка со СЗО и агенциите на ОН, како УНИЦЕФ и УНФПА, преку клучните владини министерства, институции и граѓанското опште
-
Македонија 03.09.2025 20:24
Лимани: Наша заедничка заложба е општество во кое здравјето и социјалната заштита одат „рака под рака“
Стратегијата е дизајнирана за директно да ги поддржи националните здравствени цели, обврските за пристапување кон ЕУ и Глобалните цели за одржлив развој на Обединетите нации.
-
Македонија 03.09.2025 20:01
Запленети околу 35 килограми марихуана на патот Битола-Прилеп, лишен од слобода прилепчанец
На 03.09.2025 на регионалниот пат Битола-Прилеп полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, СВР Битола и САЕ Тигар од Бирото за јавна безбедност при МВР, во рамки на засилените активности во борбата против недозволена трговија со дрога, спречија транспорт на околу 35 килограми ма
-
Македонија 03.09.2025 19:25
ОЈО Скопје поведе истрага за загрозување на животната средина со диви депонии на Вардариште, предложен притвор за три лица
Со координирани дејствија на Основното јавно обвинителство Скопје и Министерството за внатрешни работи во изминатите два дена и извршени претреси на локацијата Вардариште по наредба на судија на претходна постапка, обезбедени се докази кои даваат основано сомнение дека










