Бројот на заболени од грип се зголемува. За една недела пријавени се 116 заболени, за 20 проценти повеќе од претходната. Најмногу заболени има во Куманово и Гостивар.
Во однос на возраста најмногу заболени има од 15 до 64 годишна возраст.
Бројот на заболени од грип се зголемува. За една недела пријавени се 116 заболени, за 20 проценти повеќе од претходната. Најмногу заболени има во Куманово и Гостивар.
Во однос на возраста најмногу заболени има од 15 до 64 годишна возраст.
Фармацевтско досие за пациентите во „Мој термин“ бараат аптекарите, за да може да се евидентира дали терапијата е подигната и како пациентот реагира на неа. Увид ќе имаат матичните лекари. Честопати пациентите сами се лекуваат, ја менуваат терапијата, а тоа никаде не е заведено.
Почнаа разговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди за испразнетите места во Владата. Премиерот Христијан Мицкоски не открива детали, но најави дека многу брзо ќе биде познато кој ќе го наследи Меџити на вицепремиерското место, но и во Министерството за животна средина.
Скопје ја живее слободата. Се сеќава на жртвите на оние коишто го положиле животот за денеска градот да се развива во метропола.
81 година сеќавања на хероите што се бореа за идеја, за достоинство, за Скопје што го имаме денес.
Финансиската полиција до Основното јавно обвинителство-Скопје поднесе кривична пријава против висок функционер на ДУИ, поранешен градоначалник на општина Сарај и актуелен пратеник, како и против седум службеници во општината меѓу кои и надзорен инспектор.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денес присуствуваше на свечениот настан за пуштање во употреба на Интегрираниот информациски систем за шуми (IFIS), кој означува историска пресвртница во дигитализацијата на македонскиот шумарски сектор.
На 13.11.2025 во 03:10 часот на улица „Благој Крстиќ“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода П.М.(35) од Кавадарци.
Царинската управа во октомври повторно ја надмина недостижната наплата на приходи – во Буџетот слеани 12,05 милијарди денари (196 милиони евра), за 11,4 милиони евра повеќе од лани, при што најголем раст од 16,6 проценти е забележан во наплатата на приходи од царина.
Енергетската ефикасност мора да почне од основата – од нашите училишта, каде што ги воспитуваме идните граѓани и професионалци.
Оддавање почит и признанија – со низа настани се одбележува 13 Ноември. 81 година од ослободувањето на Скопје.
Ана Јосифоска известува.