Зголемен број убоди од крлежи регистрира инфективното одделение при кумановската болница. До петмина пациенти неделно бараат помош. Лекарите велат периодов, почнувајќи од мај до крајот на август, очекуваат бројот да е голем.
-
Македонија 07.06.2025 11:13
-
Македонија 07.06.2025 09:14
Деветти по ред „Марш за ангелите“ во Кочани
Родителите и блиските на семејствата на настраданите во пожарот во „Пулс“ денеска ќе го организираат деветтиот „Марш за ангелите“, во знак на почит кон починатите и поддршка за побрзо закрепнување на повредените во трагичниот настан.
-
Македонија 07.06.2025 08:46
Сончево и многу топло со мала до умерена облачност
Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
-
Македонија 06.06.2025 17:54
Опаѓа бројот на првачиња во источна Македонија
Во мајскиот уписен рок во петте основни училишта во Штип се запишани 326 првачиња, за 100 ученици помалку од лани. Според податоците од СВР Штип, бројот на деца родени 2019 година кои годинава треба да кренат во училиште е 470, но со миграцијата и иселувањето бројот значително опаѓа
-
Македонија 06.06.2025 17:24
Топлото време ги зголеми повиците кон итната медицинска помош
Шестмина скопјани колабирале на жешкиот асфалт, за едно деноноќие брзата помош интервенирала и кај осум сообраќајни несреќи кај патници кои завршиле со повреди. Топлото време ги зголеми итните повици кон службата.
-
Македонија 06.06.2025 17:01
Полни контејнери низ општините во Скопје, граѓаните реагираат
Контејнерите почнуваат да се празнат откако општините сами го одлагаат отпадот за кој граѓаните плаќаат сметки на ЈП „Комунална хигиена“. Во одредени делови на Скопје контејнерите се чисти, во други сè уште претекуваат.
-
Македонија 06.06.2025 16:33
Интензивни подготовки пред локалните изброи
Се интензивираат партиските подготовки пред локалните избори. До средината на идниот месец ќе бидат познати сите кандидати за градоначалници и советници од ВМРО-ДПМНЕ, откако предлозите ќе поминат на највисоките партиски тела.
-
Македонија 06.06.2025 16:09
Пуштени дома последните двајца пациенти од трагедијата во Кочани што се лекуваа во Србија
Заврши лекувањето на повредените од Кочани што се лекуваа во Србија. Од Клиничкиот центар на Србија денес се враќаат дома последните двајца пациенти.
-
Македонија 06.06.2025 15:30
Расчистено вчерашното Убиство во обид во скопско, одредена мерка притвор
На 06.06.2025 година во 01.00 часот Р.К. (55) од село Студеничани, скопско, пријавил дека претходниот ден околу 20.00 часот во близина на џамија во истото село, бил физички нападнат од две шеснаесетгодишни малолетни лица.
-
Македонија 06.06.2025 15:03
АХВ воведе засилени мерки на надзор по појава на ново жариште на болеста чума кај малите преживари во соседна Албанија
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе мерки на засилен надзор на болеста чума кај малите преживари, особено во регионот на Западна Македонија, со цел спречување на внесување и ширење на болеста од соседна Албанија во земјава.










