Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Максималната температура ќе достигне до 38 степени.
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Максималната температура ќе достигне до 38 степени.
Нова сабота, нов „Марш на ангелите“ во Кочани. Семејствата на жртвите бараат правда, одговорност, темелна истрага, но и справување со системската корупција.
Известува Славица Величковска.
На 06.06.2025 во 11.45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Е.М.(36) од Штип.
„Бугарија јасно да каже дека нема да поставува нови непринципиелни барања кон Македонија“ – повика лидерот на опозицискиот СДСМ. Филипче го повика источниот сосед да покаже европско однесување и да гарантира дека ќе нема нови условувања за нашиот јазик и идентитет.
Нова телефонска линија за комуникација на Владата со повредените во трагедијата во Кочани. Погодените и нивните семејства ќе можат директно да ги изнесат своите барања и потреби. Линијата 070-355-526 ќе биде активна од понеделник, достапна 24 часа, а управувана од кабинетот на премиерот.
Докторката Билјана Тодоровска-Шапова, од Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ вели дека десетината повредени во „Пулс“ коишто цело време ги лекувале, сега се на третман со креми.
Туристичките агенции бараат да се преземат конкретни мерки да се намали чекањето на граничните премини за време на туристичката сезона кога е зголемена фреквенцијата. Велат, со повеќе цариници и побрз систем ќе нема километарски колони, вербални и физички пресметки и чекање со часови.
Новата станица за прочистување на отпадните води во Дојран е готова. Треба да биде ставена во функција наредниот период. Така најавуваат општинските власти кои очекуваат премостување на мрежата од старата кон новата станица.
Наглото затоплување ги разбуди чувствата на љубителите на егзотичните одморалишта и плажи.
Владата со телефонска линија преку која повредените во трагедијата во Кочани и нивните семејства ќе можат директно да ги изнесат своите барања и потреби. Ќе биде активна од понеделник, 09.06 и ќе функционира непрекинато и достапно за сите повредени и нивните семејства.