Шест натпреварувачки во женска и девет во машка конкуренција утре ќе го пливаат 36-тиот Охридски пливачки маратон од Свети Наум до Охрид, што се одржува во организација на Општина Охрид и Пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008“.
Спорт
-
Останати спортови 25.08.2023 11:06
-
Кошарка 25.08.2023 10:12
Започнува Светското првенство во кошарка
Со натпреварите меѓу Италија и Ангола, како и Финска и Австралија денес од 10 часот почнува Светското првенство во кошарка 2023 година.
Домаќини на годинешниот Мундобаскет се Индонезија, Јапонија и Филипините.
-
Фудбал 25.08.2023 09:42
Салах се согласи да се пресели во Ал- Итихад
Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах се согласил да се пресели во Ал- Итихад, објави „beIN Sports“. Сега саудискиот клуб треба да се договори со „Црвените“ за висината на трансферот.
-
Фудбал 24.08.2023 13:42
Новиот клуб на Меси, Интер Мајами успеа да се пласира во уште едно финале од УС Опен купот
Фудбалерите на Интер Мајами по подобро изведување пенали го елиминираа својот ривал од Синсинати. Меси со две асистенции му помогна на Интер Мајами да избори пенали, а погоди и во при изведувањето пенали кое Интер го доби со 5-4.
-
Тенис 24.08.2023 11:29
Изнер најави повлекување од тенисот по УС Опен
Американскиот тенисер Џон Изнер објави дека ќе стави крај на тениската кариера по УС Опен.
-
Останати спортови 24.08.2023 10:21
СП атлетика: Злато за Ворхолм, Кер, Паулино, Мун и Кенеди
На Светското првенство во атлетика што се одржува во Будимпешта, на петтиот ден беа поделени четири комплети медали.
Скок со стап – жени:
1. Кети Мун (САД) - 4,90 м
1. Нина Кенеди (Австралија) - 4,90
3. Вилма Мурто (Финска) - 4,85
-
Фудбал 23.08.2023 10:17
Фудбалерите на ПСЖ анонимно избраа нов капитен, Мбапе не ја доби довербата
Фудбалерите на францускиот шампион анонимно ја донесоа конечната одлука кој ќе ги води до крајот на сезоната. Тренерот Луис Енрике одби да го именува новиот капитен на ПСЖ, а за да биде се најтранспарентно, реши да организира интерно гласање од страна на сите играчи во соблекувалната.
-
Фудбал 23.08.2023 10:08
Васовски нов тренер на Вардар, Хаџиевски спортски директор
За нов тренер на ФК Вардар е назначен Александар Васовски - Тетовче, играчка легенда на клубот и човек под чие водство ФК Вардар ја освои последната шампионска титула во 2019 година, соопштија вчера преку социјалните мрежи „црвено-црните“.
-
Тенис 23.08.2023 09:21
Романката Симона Халеп исфрлена од листата за настап на УС Опен
Поранешниот светски рекет број 1, Романката Симона Халеп е исклучена од листата на тенисерки за настап на гренслем-турнирот во САД кој почнува следната недела. Халеп заработи едногодишна суспензија уште во ноември минатата година, откако беше позитивна на забранета супстанца.
-
Фудбал 22.08.2023 11:20
Димитриевски повторно со „чиста мрежа“
Столе Димитриевски, македонскиот репрезентативен голман, не прими гол и на вториот натпревар од новата сезона во шпанската Ла Лига.
Тимот на Димитриевски, Рајо Ваљекано, синоќа забележа победа со 2:0 на гостувањето кај Гранада, а Димитриевски имаше неколку добри одбрани.







