Соединетите Американски Држави се лидер на табелата медалисти на Светско првенство во атлетика кое се одржува во Будимпешта.
Американците имаат вкупно девет медали, од кои пет златни.
Табела на освојувачите на медали на атлетскиот Мундијал:
Соединетите Американски Држави се лидер на табелата медалисти на Светско првенство во атлетика кое се одржува во Будимпешта.
Американците имаат вкупно девет медали, од кои пет златни.
Табела на освојувачите на медали на атлетскиот Мундијал:
Две победи на трките во Сент Урсан во Швајцарија за македонскиот автомобилист Игор Стефановски-Иџе. На првата трка го освои првото место и постави нов рекорд, додека на втората со време од 5,6 секунди беше подобар од второпласираниот тркач.
Во спектакуларно финале на турнирот во Синсинати, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го совлада Шпанецот Карлос Алкараз со резултат 5:7, 7:6 (9:7), 7:6 (7:4). Средбата траеше 3 часа и 50 минути.
Македонскиот автомобилски шампион Игор Стефановски Иџе на три трки до крајот е лидер во пласманот во Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC). Викендов Иџе ќе настапи на патеката Сент Урсан во Швајцарија.
Во натпреварот за Суперкупот на Европа, Манчестер сити ја совлада Севилја со 5:4 на пенали.
Основните 90 минути завршија нерешено 1:1. Јусеф Ен-Незири и донесе водство на Севилја во 25. минута. Кол Палмер во 63. минута го изедначи резултатот.
Во пресрет на Европското првенство, Одбојкарската федерација на Македонија, во Агенцијата за млади и спорт, ги претстави новите дресови.
Канадскиот кошаркар Џамал Мареј ќе го пропушти Мундијалот поради повреда, објави на својата интернет страница Канадската кошаркарска асоцијација.
И покрај шпекулациите дека фудбалската селекција на Македонија наскоро ќе добие нов селектор, сепак, тоа нема да се случи, барем не до крајот на квалификациите за Европското првенство.
Лина Ѓорческа која играше во финалето на турнирот во Осиек, каде за жал беше поразена, забележа скок од едно место на официјалното рангирање кај дамите и оваа недела е на 247 место со 290 освоени поени.
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Стефан Ристовски преку социјалните мрежи ја информира јавноста дека се повлекува од националниот тим.
Во објаснувањето на оваа одлука, Ристовски како причина ги наведе нарушените односи со селекторот Благоја Милевски.