Реал Мадрид почна да подготвува документи за купување на напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе на почетокот на јануари 2024 година. Дотогаш Французинот веќе ќе може да преговара со кој било клуб, пренесуваат повеќе медиуми.
Спорт
-
Фудбал 26.12.2023 18:06
-
Кошарка 25.12.2023 17:38
Ембид го пропушта божиќниот натпревар против Мајами
Поради повреда на зглобот на десната нога, ѕвездата на Филаделфија, Џоел Ембид, ќе го пропушти божиќниот дуел против Мајами кој е еден од петте натпревари на програмата оваа вечер во НБА лигата.
-
Фудбал 23.12.2023 19:18
Елмас потпиша за Лајпциг
Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас успешно ги мина задолжителните медицински прегледи и потпиша денеска долгогодишен договор со германскиот прволигаш Лајпциг.
-
Ракомет 22.12.2023 11:42
Билетите за ЕП за 2024 се распродадени
На почетокот на 2024 година на 10-ти јануари ќе стартува и Европското ракометно првенство во Германија на кое учесник ќе биде и Македонија.
-
Фудбал 21.12.2023 11:05
Бојан Миовски со два гола му донесе победа на Абердин
Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски ги постигна двата гола синоќа во победата на Абердин над Ливингстон.
Гостите први дојдоа во водство, но Македонецот погоди за изедначување во финишот на првиот дел, додека во 65. минута ги постави конечните 2:1.
-
Кошарка 21.12.2023 10:57
Нагетси славеа против Репторси
Нагетси славеа на гостувањето против Репторси со конечен резултат 113:104. Јокиќ на овој меч го запиша својот 400 „дабл-дабл“ учинок во кариерата.
Во Западната конференција Денвер е на третото место со учинок (19-10), додека Торонто е на 12 позиција на Истокот (11-16).
-
Фудбал 19.12.2023 14:13
Модриќ: Среќен сум во Реал
Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ порача оти е среќен во редовите на мадридски Реал, но не даде прецизен одговор дали ќе остане во Кралскиот клуб откако идниот јуни ќе му истече договорот.
-
Фудбал 18.12.2023 14:51
Хари Кејн со нов рекорд на Бундеслигата
Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн беше двоен стрелец на натпреварот од 15. коло во германското првенство синоќа против Штутгарт (3:0). Кејн по вчерашниот дуел против Штутгарт во која Баварците славеа, собори уште еден рекорд.
-
Ракомет 15.12.2023 19:01
Лазаров ја објави потесната листа со 19 играчи за ЕП во Германија
Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација Кирил Лазаров од поширокиот список пријавен во ЕХФ со 35 играчи, денеска ја направи првата потесна селекција на играчите со кои ќе настапат „црвено-жолтите“ на ЕП-2024 во Германија.
-
Тенис 13.12.2023 17:44
Кирјос: Не сакам повеќе да играм тенис
Австралиецот Ник Кирјос призна дека повеќе не сака да игра тенис.








